голта
голтаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 2609
1.
Прима храна или течност преку устата во хранопроводникот.
Примери:
Беше тешко да се голта водата кога знаеш дека ја пиеш за да остане што помалку место за лебот.
Долго ги џвакаше и полека ги голташе парчињата месо.
2.
Јаде алчно, без доволно џвакање на храната.
Примери:
Прегладнет, голташе цели залаци леб.
Слично со:
лапа (несв.)
3.
Слуша или гледа со големо внимание или со задоволство.
Примери:
Неговите зборови ги голташе без да трепне.
4.
Трпи, поднесува, страда во себе.
Примери:
Ги голташе навредите од мајка си.
Молчеше и ја голташе тагата.
Слично со:
трпи (несв.)
5.
Испушта букви или гласови во пишувањето или во зборувањето.
Примери:
Тешко се разбираше пишуваното зашто голташе букви.
Изведенки
голтање ср.
глаг. им.
глаг. им.