dust - онтологија

думани повеќе

думанат
Вид збор: Глагол, несвршен
Крева прав.
Турски: duman Албански: ngre pluhur
Употреба: Архаизам
Примери:
Само думаниш со метлата.

замагли повеќе

замаглат
Вид збор: Глагол, свршен
Покрие, прекрие со чад, прав и др.
Албански: mbuloj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Правот што се крена од ветрот го замагли хоризонтот.

запраши повеќе

запрашат
Вид збор: Глагол, свршен
Покрие, потури со прав; крене прав.
Албански: fshij pluhurin
Примери:
Таа го запраши замрзнатиот двор со пепел.

запрашува повеќе

(се) запрашуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
запраши

испраши повеќе

испрашат
Вид збор: Глагол, свршен
Hаправи нешто да биде прашливо.
Албански: pluhëroj
Примери:
Кога доаѓаше ги испраши новите чевли.
(се испраши) Се покрие со прав.
Албански: bëhet me pluhur
Примери:
Книгите се испрашиле.

напраши повеќе

напрашат
Вид збор: Глагол, свршен
Нанесе прав на нешто.
Албански: pluhëroj, bëj me pluhur
Примери:
Не треси го чаршафот тука, ќе нѐ напрашиш.
(се напраши) Си нанесе прав, се испраши.
Албански: pluhërohem
Примери:
Внимавај, да не се напрашиш.

натресе повеќе

натресат
Вид збор: Глагол, свршен
Тресејќи, нанесе прав врз нешто.
Албански: shkund, pluhroj

обеспраши повеќе

обеспрашат
Вид збор: Глагол, свршен
Исчисти нешто од прашина.
Примери:
Таа го обеспраши подот во собата.

понапраши повеќе

Види и: напраши (св.)
понапрашат
Вид збор: Глагол, свршен
Напраши нешто во некоја мера.
(се понапраши) Се напраши во помала мера, донекаде.

попраши повеќе

Види и: праши (несв.)
попрашат
Вид збор: Глагол, свршен
Покрие, потури со прав; крене прав.
Употреба: Ретко
Праши малку, некое време.

праши повеќе

прашат
Вид збор: Глагол, несвршен
Крева прав, потура некого или нешто со прав.
Албански: ngre pluhur
Примери:
Таа го прашеше тремот кога ги тресеше покривките.
(се праши) Се покрива со прав.
Албански: bëhet me pluhur
Примери:
Работеше во подрумот и се прашеше во облеката.

спраши повеќе

спрашат
Вид збор: Глагол, свршен
Посипе со прашина.
Албански: pluhëroj
Употреба: Ретко