earlier - онтологија

напред повеќе

Вид збор: Прилог
Порано, во минатото (обично во компаратив).
Албански: përpara
Примери:
Напред нејќеше ни да помириса тутун, а сега не може без него.

напреж повеќе

Вид збор: Прилог
порано

однапред повеќе

Вид збор: Прилог
Порано, пред нешто друго.
Примери:
Старите велеа дека однапред имало многу чешми во околината.

отпорано повеќе

Вид збор: Прилог
Од пред извесно време.
Примери:
Него го познавав отпорано.

порано повеќе

Вид збор: Прилог
Компаратив од рано.
Албански: më herët
Пред нешто друго, некогаш во минатото.
Албански: më herët
Примери:
За ова стана донекаде збор и порано.

рано повеќе

Вид збор: Прилог
Како компаратив и суперлатив порано, најрано - пред некого.
Албански: më herët
Примери:
Јас бев најрано тука.
Како компаратив и суперлатив порано, најрано - претходно, од порано.
Примери:
Да ми кажеш од порано.