рано
Види и:
ран (прид.)
Вид збор: Прилог
Ранг: 945
1.
Во почетокот на определен временски период.
Примери:
Рано во ноќта се слушнаа пукотници.
Спротивно од:
доцна (прил.)
2.
Во почетокот на денот, изутрина.
Примери:
Денеска станав многу рано.
Рано тргнавме на пат.
Слично со:
изутрина (прил.)
3.
Пред определеното, обичното време или час.
Примери:
Легнавме рано.
Многу рано дојдовте.
4.
Пред време, предвремено.
Англиски:
early
Умре рано.
Рано го заборави мажа си.
Слично со:
предвремено (прил.)
5.
Како компаратив и суперлатив порано, најрано - пред некого.
Примери:
Јас бев најрано тука.
Тој дојде порано.
Слично со:
порано (прил.)
6.
Како компаратив и суперлатив порано, најрано - претходно, од порано.
Англиски:
earlier
Да ми кажеш од порано.
Јавете ми порано.
Слично со:
претходно (прил.)
7.
Како компаратив и суперлатив порано, најрано - пред, пред нешто, одамна.
Примери:
Порано не се работеше во недела.
И порано беше убава.
Слично со:
одамна (прил.)
8.
Во изразите и поговорките; кое, што порано; рано е; рано (порано) или доцна (подоцна).
Примери:
Рано рани.
Изрази
(посл.) Рано пиле рано пее.
(посл.) Кој рано рани, две среќи граби.