earn - онтологија

заработи повеќе

заработат
Вид збор: Глагол, свршен
Добие нешто вредносно како награда за својот труд (најчесто пари).
Албански: fitoj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Тој заработи многу пари во странство.
Добие нешто во негативна смисла.
Албански: fitoj
Примери:
Од тој излет заработив само настинка.

заслужи повеќе

заслужат
Вид збор: Глагол, свршен
Заработи, спечали нешто.
Албански: fitoj, meritoj
Примери:
Тој навистина ги заслужи парите.

земе повеќе

земат
Вид збор: Глагол, свршен
Спечали, добие како приход.
Албански: merr, fitoj
Примери:
Годинава од јаболката зедовме најмногу досега.

извади повеќе

извадат
Вид збор: Глагол, свршен
Добие, заработи, стекне материјална добивка.
Албански: nxjerr, fiton
Примери:
Годинава извади сто јагниња.

изнавади повеќе

изнавадат
Вид збор: Глагол, свршен
(се изнавади) 3аработи многу пари.
Албански: fitoj
Примери:
Од тоа се изнавади пари.

истера повеќе

истераат
Вид збор: Глагол, свршен
Успее да заработи.
Албански: përfitoj
Примери:
Едвај истеруваат колку за лебот.

казандиса повеќе

казандисаат
Вид збор: Глагол, свршен
заработи, спечали
Турски: kazanmak
Употреба: Архаизам

напечали повеќе

(се) напечалат
Вид збор: Глагол, свршен
Спечали, заработи многу.
Примери:
Се напечалија додека беа помлади, сега можат да поживеат малку.

носи повеќе

носат
Вид збор: Глагол, несвршен
Дава приход, добивка.
Албански: meriton
Примери:
Дуќанот му носи добри пари.

печали повеќе

печалат
Вид збор: Глагол, несвршен
(непреод. и преод.) Заработува со труд.
Албански: fitoj
Примери:
Одел на туѓина, работел, печалел.

спечали повеќе

спечалат
Вид збор: Глагол, свршен
Добие со труд пари, имот и сл.
Албански: fitoj
Употреба: Економија
Примери:
Спечалил многу пари.
Добие нешто непријатно, непожелно.
Албански: fitoj, meritoj
Употреба: Иронично
Примери:
Спечали казна.

спечели повеќе

Вид збор: Глагол, свршен
спечали
Употреба: Дијалектен збор

сработи повеќе

сработат
Вид збор: Глагол, свршен
заработи
Албански: fitoj
Употреба: Дијалектен збор

сработува повеќе

Види и: сработи (св.)
сработуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
заработува
Албански: fitoj
Употреба: Дијалектен збор

стече повеќе

стечат
Вид збор: Глагол, свршен
стекне
Албански: fitoj
Примери:
Ни стек стеков, ни нешто загубив.

тече повеќе

течат
Вид збор: Глагол, несвршен
печали
Албански: fitoj
Примери:
(посл.) Кој се мачи, тој течи.