embellish - онтологија

подотера повеќе

Види и: дотера (св.)
подотераат
Вид збор: Глагол, свршен
(се подотера) Се уреди, се дотера малку, донекаде.
Албански: stolis
Примери:
Се подотера на брзина тука пред излогот и стрчна кон операта.

поразубави повеќе

Види и: разубави (св.)
поразубават
Вид збор: Глагол, свршен
Направи да биде уште поубав некој или нешто.
Албански: zbukuroj
Примери:
Таа вест и го поразубави денот.

различи повеќе

различат
Вид збор: Глагол, свршен
(се различи) Стане поубав, поинтересен, побогат.
Албански: zbukuroj
Примери:
Нешто многу ви се различила момава.

различува повеќе

Вид збор: Глагол, несвршен
(се) разубавува
Албански: stolis, zbukuroj

разубави повеќе

разубават
Вид збор: Глагол, свршен
За лице, човек направи да стане поубав; за град, текст и слично - направи да стане поинтересен, поизразит.
Албански: zbukuroj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Негата го разубави уште повеќе лицето.
(се разубави) Стане поубав, поинтересен, побогат.
Албански: zbukuroj, stolis
Примери:
Многу си ми се разубавила.

украси повеќе

украсат
Вид збор: Глагол, свршен
разубави
Албански: zbukuroj

украсува повеќе

Види и: украси (св.)
украсуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
разубавува
Албански: zbukuroj
Примери:
Го украсува станот.