exceed - онтологија

забразди повеќе

забраздат
Вид збор: Глагол, свршен
Претера во нешто, отиде предалеку; ја премина дозволената граница.
Албански: teproj, tejkaloj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Знаеше дека забраздил.

засени повеќе

засенат
Вид збор: Глагол, свршен
Надмине, престигне некого во нешто.
Албански: tejkaloj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Таа сите ги засени со својата убавина.

надвиши повеќе

надвишат
Вид збор: Глагол, свршен
Надмине во нешто, во некое обележје.
Албански: tejkaloj
Примери:
Неговиот глас го надвиши тропањето на тркалата.

надработи повеќе

надработат
Вид збор: Глагол, свршен
Сработи над определеното, повеќе отколку што треба.
Албански: punoj më tepër

надрасне повеќе

надраснат
Вид збор: Глагол, свршен
Надмине некого во нешто, покаже посилно изразема особина (во умеење, знаење, дарба, способност за нешто и др.)
Албански: tejkaloj
Употреба: Преносно значење

наткаже повеќе

наткажат
Вид збор: Глагол, свршен
Покаже во поголем број, во поголема мера отколку што е.
Примери:
Кога го прашав колку години има, ги наткажа годините.

наткрили повеќе

наткрилат
Вид збор: Глагол, свршен
Надвисне над нешто, надвижи нешто.
Албански: krrusem mbi diçka
Примери:
Јаворот толку израсна, ја наткрили рекичката.

натфрли повеќе

натфрлат
Вид збор: Глагол, свршен
Надмине определена мера, направи нешто повеќе од определеното.
Албански: hedh
Примери:
Натфрли норми.

престаса повеќе

престасаат
Вид збор: Глагол, свршен
Има во изобилство, повеќе од потребното.
Албански: tejkaloj
Примери:
Пиење и јадење има доволно, ќе стаса и престаса.

престигне повеќе

престигнат
Вид збор: Глагол, свршен
Има во изобилство, повеќе од потребното.
Албански: tejkalon
Примери:
Храна стигна и престигна.

префрли повеќе

префрлат
Вид збор: Глагол, свршен
Помине одредени години во живот.
Албански: kaloj
Употреба: Ретко
Примери:
Ја префрли педесетката.

пречекори повеќе

пречекорат
Вид збор: Глагол, свршен
Помине дозволена граница, наруши одредени норми.
Албански: tejkaloj
Примери:
Ја пречекори дозволената брзина.