премине
преминат; премини, преминете; преминав, преминаа; преминал; преминат; преминев, преминеа; преминел
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 2459
1.
Мине, помине од едната на другата страна на нешто.
Примери:
Ја премина улицата.
Го преминаа мостот.
Преминаа преку граница.
Слично со:
мине (св.)
2.
Помине од една во друга состојба, околност, место.
Примери:
Премина од еден автобус во друг.
Премина од восхит во разочарување.
Слично со:
помине (св.)
3.
Отиде на нечија страна, стане нечиј приврзаник.
Примери:
Премина на страната на посилните.
Слично со:
премине (св.)
4.
Помине нешто во сопственост од еден на друг.
Примери:
Имотот премина во рацете на синовите.
5.
Пристапи кон нешто друго.
Примери:
Да преминеме на третата точка.
Премина на решавањето на проблемите.
Слично со:
прејде (св.)
6.
Се претвори во нешто друго.
Примери:
Квантитетот премина во квалитет.
7.
Пренесе, преведе преку нешто.
Англиски:
carry over
Албански:
mbart
Го премина детето преку улица.
Слично со:
пренесе (св.)
Изрази
Премине преку нешто - молкома прифати, толерира нешто.
Премине секоја граница / мерка - претера.
Изведенки
1.
преминува несв.
преминуваат
преминуваат
2.
преминување ср.
глаг. им.
глаг. им.