fatty - онтологија

дебелко повеќе

мн. дебелковци
Вид збор: Именка, машки род
дебел човек
Употреба: Разговорно
Примери:
Што имаш ти, горделив дебелко, со мене?

мастен повеќе

масниот
Вид збор: Придавка
Што содржи маст, што е со маст.
Примери:
масни киселини

мрсен повеќе

мрсниот
Вид збор: Придавка
Што содржи маст, што е подготвен со маст.
Албански: i yndyrshëm, i lyrshëm
Примери:
мрсно јадење
Што содржи масни состојки.
Албански: i lyrshëm
Примери:
мрсен крем

пршка повеќе

мн. пршки
Вид збор: Именка, женски род
здебелен, подебел човек
Примери:
Зимава пак ќе почнам да играм кошарка, не планирам да станам пршка.

сереен повеќе

Види и: серејлив (прид.)
серејна
Вид збор: Придавка
серејлив

серејлив повеќе

Види и: сереј (м.)
серејливиот
Вид збор: Придавка
Што содржи маснотија од првото млеко или што се однесува на сереј.
Примери:
серејливо млеко

шишко повеќе

мн. шишковци
Вид збор: Именка, машки род
Прекар за полн, шишкав човек.
Турски: şişko
Примери:
Се сетив, - победнички викна шишкото.

шишман повеќе

Види и: шишко (м.)
мн. шишмани
Вид збор: Именка, машки род
шишко
Турски: şişman Албански: shishko, njeri i trashë

шкембар повеќе

мн. шкембари
Вид збор: Именка, машки род
За човек - лабав и дебел, со голем мев.
Албански: bufalaq, barkmadh
Употреба: Преносно значење