form - онтологија

бланкет повеќе

мн. бланкети
Вид збор: Именка, машки род
Формулар, образец за разни потреби.
Примери:
Купи два бланкета за пријавување испити!

вид повеќе

мн. видови
Вид збор: Именка, машки род
надворешен облик
Албански: formë
Примери:
Во вид на срце.

вкалапи повеќе

вкалапат
Вид збор: Глагол, свршен
Стави во калап.
Албански: formoj
Подведе под некаков калап, во строго определена форма.
Албански: formoj
Употреба: Преносно значење

вообликува повеќе

Види и: вообличи (св.)
вообликуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
вообличи

вообличи повеќе

вообличат
Вид збор: Глагол, свршен
(се вообличи) Се појави определен облик, се оформи.
Албански: formësoj, modeloj
Примери:
Во некои од анегдотите се вообличуваат класно-општествените односи.

довообличи повеќе

довообличат
Вид збор: Глагол, свршен
Даде на нешто конечен облик, оформи до крај.
Примери:
Тој ги довообличи само оние текстови што содржат суштински елементи.

дообликува повеќе

дообликуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
Обликува нешто до крај.
Примери:
Не можеше да ја дообликува фигурата.

дооформи повеќе

Види и: оформи (св.)
дооформат
Вид збор: Глагол, свршен
Оформи нешто до крај.
Примери:
Брзо ја дооформи сликата.

калап повеќе

мн. калапи
Вид збор: Именка, машки род
Посебно изработен предмет со помош на кој се обликува тоа што се произведува, што се изработува или поправа.
Турски: kalıp Албански: kallëp
Примери:
Чирачето му го донесе дрвениот калап за чевли.

лик повеќе

мн. ликови
Вид збор: Именка, машки род
Облик што го добива некој збор во јазичниот систем.
Албански: figurë, formë
Примери:
Несвршен видски лик.

облик повеќе

мн. облици
Вид збор: Именка, машки род
Начин на пројавување на нешто.
Албански: formë
Примери:
Ропството е првиот облик на поделбата на трудот.
Форма, начин на поcтоење.
Албански: formë
Употреба: Филозофија

образец повеќе

мн. обрасци
Вид збор: Именка, машки род
Отпечатен текст во кој треба да се внесат определени податоци.
Албански: formular
Примери:
образец за евиденција

образува повеќе

образуваат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Составува, сочинува некаква целина, влегува во составот на нешто.
Албански: formuloj
Примери:
Сите тие делови образуваат една целина.
(се образува, само 3. л.) Се создаде, се создава, се формира нешто.
Албански: formohet, themelohet
Примери:
Согласни групи се образуваат во почетокот, во средината или на крајот на зборот.

парагон повеќе

мн. парагони
Вид збор: Именка, машки род
образец, тип
Примери:
Парагон блок - подврзани листови со отпечатен текст што можат лесно да се одвојат и што се користат во трговијата како копии сметки за продадена стока.

пооформи повеќе

Види и: оформи (св.)
пооформат
Вид збор: Глагол, свршен
Оформи, обликува нешто во мала или поголема мера.
Примери:
Остана да го пооформи текстот о да го даде за печатење.

пријава повеќе

мн. пријави
Вид збор: Именка, женски род
Образец, формулар што се исполнува со податоци за предметот на пријавување до определена установа.
Албански: formë
Употреба: Административен термин
Примери:
Тој поднесе пријава за полагање на испитот.

сочини повеќе

сочинат
Вид збор: Глагол, свршен
направи, образува
Албански: formoj
Употреба: Книжевен збор , Ретко
Примери:
сочини група

схема повеќе

Види и: шема (ж.)
мн. схеми
Вид збор: Именка, женски род
шаблон, образец
Албански: model, formular, shemë
Примери:
Работи, мисли по схеми.

форма повеќе

мн. форми
Вид збор: Именка, женски род
Во филозофијата - начин на суштествување, внатрешната организација на содржината.
Албански: formë
Употреба: Филозофија
Примери:
форма и содржина
Установен образец на нешто, начин на кој се изведува нешто.
Албански: formë
Примери:
Во форма на извештај.
надворешен вид, надворешност
Албански: formë
Употреба: Преносно значење
Примери:
Само про форма.
Промена на збор што изразува граматичка категорија.
Албански: trajtë
Употреба: Граматика
Примери:
Прости и сложени форми.
униформа
Албански: uniformë
Примери:
Тогаш учениците мораа да носат форма.

формира повеќе

формираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Образува, даде, дава форма, вид на нешто; развие, развива кај некого определени карактерни црти.
Албански: formon
Примери:
Момчето формира свој поглед на светот.
(се формира) се обликува
Албански: formohet
Примери:
Се формираат во текот на работата.

формулар повеќе

мн. формулари
Вид збор: Именка, машки род
Примерок со графи и прашања што се пополнуваат.
Примери:
Го пополни формуларот.

шема повеќе

мн. шеми
Вид збор: Именка, женски род
Општопознат образец, шаблон во творењето на нешто.
Германски: Schema Албански: model
Употреба: Преносно значење