вкочанат
Вид збор: Глагол, свршен
Се вкочани, се здрви, се смрзне.
Примери:
Пијаниот се вкочанил на снегот.
достуде
Вид збор: Глагол, свршен
Почувствува студ, му (ми, ти...) стане студено.
Примери:
Мене ми достуде.
(се) закрежат
Вид збор: Глагол, свршен
(се) замрзне, (се) заледи
заледат
Вид збор: Глагол, свршен
Претвори нешто во лед.
Примери:
Студеното време го заледи потокот.
Покрие нешто со лед, со мраз.
Примери:
Студот ги заледи прозорците.
(се заледи) Се претвори во лед.
Примери:
Водата се заледи.
(се заледи) Се покрие со лед, со мраз.
Примери:
Портата се заледи.
замразат
Вид збор: Глагол, свршен
Настане мраз, се покрие со мраз.
Примери:
Од студот реката замрази.
замрзнат
Вид збор: Глагол, свршен
За течности - мине во состојба на мраз, стане мраз.
Примери:
Ноќеска замрзнала водата во цевките.
За поток, река, езеро - фати мраз, се покрие со мраз.
Примери:
Јазот покрај нашата куќа замрзнал.
Измрзне, изѕемне, се вкочани од студ.
Албански:
ngrij, mbërdhij
Примери:
Тој замрзна чекајќи го возот.
Умре, мине во состојба на смрт, на безживотност од голем студ.
Албански:
ngrij, shtangoj
Примери:
Двајцата планинари замрзнале во планината.
За предмет што содржи вода.
Примери:
Јаболката во горната соба замрзнаа.
Доведе нешто во состојба на мраз заради чување.
Примери:
Тие ја замрзнаа целата зимница во сандак за длабоко замрзнување.
(се замрзне) Се претвори во мраз.
Примери:
Ноќеска водата се замрзнала.
(се замрзне) Умре од студ.
Примери:
Старецот се замрзнал в планина заедно со козите што ги пасел.
Вид збор: Глагол, свршен
(ми, ти, му... застуди) Ми стане студено.
Примери:
Наеднаш мене ми застуде.
ѕемнат
Вид збор: Глагол, несвршен
Ми (ти, му ...) мрзне.
Примери:
На стражарот нозете му ѕемнат, чекајќи ја својата смена.
Вид збор: Глагол, свршен
Многу измрзне, премрзне целосно зафатен од студ.
Примери:
Децата изѕемнаа враќајќи се од училиште.
Вид збор: Глагол, свршен
Замрзне се со ред.
Примери:
Од ниските температури посевите измрзнаа.
(се) ледат
Вид збор: Глагол, несвршен
се смрзнува
Примери:
Прозорците се ледат.
мразат
Вид збор: Глагол, несвршен
мрзнат
Вид збор: Глагол, несвршен
смрзнува, заледува
Примери:
Рацете му мрзнат.
(се) намрзнат
Вид збор: Глагол, свршен
Се насобере студ, помине долго време на студ, на мраз.
Примери:
Старицата се тресеше како да се намрзнала за сиот свој век.
Вид збор: Глагол, свршен
Замрзне малку, во некоја мера.
Примери:
Реката подзамрзнала малку.
Измрзне донекаде.
Примери:
Јаболката подзамрзнале, ќе треба да ги фрлиме.
(се подзамрзне) Се замрзне донекаде, малку.
Примери:
Се подзамрзнале малку прострените алишта.
Вид збор: Глагол, свршен
Некому стане малку студено.
Примери:
Ми подзастуде малку.
подмрзнат
Вид збор: Глагол, свршен
Смрзне, замрзне малку, во некоја мера или само на површината.
Примери:
Снегот подмрзнал.
Фати мраз.
Примери:
Ноќеска подмрзнало.
Вид збор: Глагол, свршен
Премрзне, стане измрзнат.
Примери:
Рацете ми поѕемнаа.
скочанат
Вид збор: Глагол, свршен
Здрви од студ.
Примери:
Ветрот ми ги скочани прстите.
смрзнат
Вид збор: Глагол, свршен
Се претвори во мраз од студ; се покрие со кора од мраз.
Примери:
Смрзнала водата.
Повреди некој дел од телото под дејството на студот; умре од голем студ.
Примери:
Во војната му смрзнале прстите на нозете.
Направи нешто да се заледи.
Примери:
Смрзни го месото да не се расипе.
(се смрзне) настине
Примери:
Се смрзнав, ми тече носот.
Вид збор: Глагол, несвршен
Вид збор: Глагол, несвршен
Ладно е.
Примери:
Вчера многу студеше.
Вид збор: Глагол, свршен
Стане неподвижен.
Примери:
Одненадеж се укочија и почнаа да ракоплескаат.