glue - онтологија

долепи повеќе

Види и: лепи (несв.)
долепат
Вид збор: Глагол, свршен
Заврши со лепењето.
Албански: ngjit, lidh
Примери:
Ги долепив сите плакати.

желатин повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Смеса што се добива со варење на одредени делови од животинско потекло (коски, кожа) и којашто служи за лепење.
Албански: xhelatinë
Примери:
Безбојниот туткал се нарекува желатин.

залепи повеќе

залепат
Вид збор: Глагол, свршен
(се залепи) Се приближи, се допре, се припои до (кон/за) некого или нешто.
Албански: ngjis
Употреба: Преносно значење
Примери:
Се залепи до ѕидот од куќата.

замк повеќе

мн. замкови
Вид збор: Именка, машки род
Лепило од смола.
Употреба: Архаизам
Примери:
Ги залепи опинците со замк.

лепи повеќе

лепат
Вид збор: Глагол, несвршен
Спојува, поврзува нешто со лепило.
Албански: ngjit
Примери:
Досега три пати ја лепеше истата гума од автомобилот.

лепило повеќе

мн. лепила
Вид збор: Именка, среден род
Густа материја што има својство да лепи.
Употреба: Хемија
Примери:
лепило за дрво

туткал повеќе

(едн.) туткалот
Вид збор: Именка, машки род
Вид лепило, најчесто за дрво.
Турски: tutkal

чириш повеќе

Вид збор: Именка, машки род
Чевларско лепило.
Турски: çiriş
Употреба: Архаизам