Хемија - категорија

лаборант повеќе

мн. лаборанти
Вид збор: Именка, машки род
Тој што работи во лабораторија, лабораториски техничар.
Англиски: laboratory technician

лак повеќе

мн. лакови
Вид збор: Именка, машки род
Течна, густа материја во различни бои, добиена од природна или вештачка смола, што се мачка на предметите во тенок слој, им дава сјај и ги заштитува.
Англиски: varnish Албански: llakoj
Примери:
Лак за дрво.

лакмус повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Боја добиена од тој лишај.
Албански: lakmus
Специјална хартија што ја менува бојата и се употребува како индикатор за бази и киселини (во базен раствор хартијата станува сина, а во кисел раствор - црвена).
Англиски: litmus Албански: lakmus

лакмусов повеќе

лакмусова
Вид збор: Придавка
Што се однесува на лакмус.
Англиски: litmus
Примери:
Лакмусова хартија.

лактоза повеќе

(едн.) лактозата
Вид збор: Именка, женски род
Млечен шеќер, составен дел на млекото на цицачите.
Англиски: lactose

ланолин повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Масна материја што се добива од овча волна, а се употребува за изработка на козметички производи и на лековити масти.
Англиски: lanolin

лапис повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Хемиско соединение, сребрен нитрат, лек во форма на стапче или на воден раствор како средство за дезинфекција и против тртки.
Латински: AgNO3 Англиски: silver nitrate Албански: nitrat argjendi

легура повеќе

мн. легури
Вид збор: Именка, женски род
Материја, смеса од два или повеќе метали, која се добива најчесто со топење.
Англиски: alloy Германски: Legierung
Примери:
Оловни легури.

лепило повеќе

мн. лепила
Вид збор: Именка, среден род
Густа материја што има својство да лепи.
Англиски: glue
Примери:
лепило за дрво

лужина повеќе

мн. лужини
Вид збор: Именка, женски род
алкален раствор
Англиски: lye Српски: лужина
Примери:
Подот се пере со блага лужина.
а - б - в - г - д - е - ж - з - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - ќ - у - ф - х - ц - ш