мн. апсолвенти
Вид збор: Именка, машки род
Студент што ги запишал и што ги заверил сите семестри и добил право да ги полага завршните испити.
Примери:
Апсолвентите отидоа на еднодневен излет.
апсолвираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Заврши, завршува со слушање на предавањата на некој факултет.
Примери:
Откако апсолвира на Економскиот, тој се запиша на Правниот факултет.
мн. вишисти
Вид збор: Именка, машки род
Што има више образование.
мн. дипломци
Вид збор: Именка, машки род
Тој што е пред дипломски испит или го положил во скоро време.
дипломираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Положи, полага завршен испит на факултет, висока школа по кој се добива диплома.
Примери:
Дипломира на Филолошкиот факултет.
завршат
Вид збор: Глагол, свршен
Дојде до некој степен на образование.
Примери:
Таа заврши за болничарка.
магистрираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Заврши постдипломски студии, добие степен магистер.
мн. матуранти
Вид збор: Именка, машки род
Ученик во завршна година од средното образование; ученик што полага матура.
матурираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Заврши средно образование; полага, положи матура.
Примери:
Тој е роден во Велес, матурирал во Скопје и студирал право во Белград.