Образование - категорија

ваканција повеќе

мн. ваканции
Вид збор: Именка, женски род
распуст
Англиски: vacation
Примери:
Доаѓаа неколку пати во Тетово за време на школските ваканции.

вежбанка повеќе

мн. вежбанки
Вид збор: Именка, женски род
Тетратка за вежбање.
Англиски: exercise book
Примери:
Вежбанка по математика.

високообразован повеќе

Види и: образован (прид.)
високообразовани
Вид збор: Придавка
Што има високо образование.
Англиски: highly educated
Примери:
Голем е списокот на невработени високообразовани луѓе.

високообразовен повеќе

Види и: образовен (прид.)
високообразовниот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на високото образование.
Англиски: higher education
Примери:
високообразовен процес

високоучен повеќе

високоучениот
Вид збор: Придавка
Што е многу учен.
Англиски: highly educated
Примери:
високоучени глави

високошколски повеќе

високошколскиот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на високото школство, т.е. образование.
Примери:
Високошколските установи.

вишист повеќе

мн. вишисти
Вид збор: Именка, машки род
Ученик, студент на виша школа.
Англиски: university student Албански: me shkollë të lartë
Што има више образование.
Англиски: graduate Албански: me shkollë të lartë

воннаставен повеќе

воннаставниот
Вид збор: Придавка
Што се случува, изведува вон наставата.
Англиски: extracurricular
Примери:
воннаставна дејност

вонреден повеќе

вонредни
Вид збор: Придавка
Едно од звањата на наставниците на универзитетот.
Англиски: associate
Примери:
вонреден професор

вонучилиштен повеќе

Види и: воншколски (прид.)
вонучилишниот
Вид збор: Придавка
Што не се случува, што не е поврзан со училиштето.
Англиски: excurricular
Примери:
вонучилишна настава

воншколски повеќе

Види и: вонучилиштен (прид.)
воншколскиот
Вид збор: Придавка
вонучилиштен
Англиски: excurricular

воспиталиште повеќе

мн. воспиталишта
Вид збор: Именка, среден род
воспитна установа
Англиски: educational institution
Примери:
Тој работи во едно воспиталиште.

втораче повеќе

мн. вторачиња
Вид збор: Именка, среден род
Ученик од второ одделение.
Албански: klasë e dytë

второкласник повеќе

мн. второкласници
Вид збор: Именка, машки род
Ученик од втори клас во средно училиште.
Примери:
Тој е веќе второкласник.

второодделенец повеќе

мн. второодделенци
Вид збор: Именка, машки род
Ученик во второ одделение.
Англиски: second grader
Примери:
Дискусии меѓу родителите на второодделенците, колку ќе им било тешко на нивните седумгодишничиња.
а - б - в - г - д - е - з - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч - ш