hope - онтологија

надева повеќе

(се) надеваат
Вид збор: Глагол, несвршен
Има надеж дека нешто ќе се случи, ќе биде како што се посакува.
Албански: shpresoj
Примери:
Се надева дека брзо ќе се вратат.

надеж повеќе

мн. надежи
Вид збор: Именка, женски род
Душевна состојба на очекување, на верување дека ќе се случи, ќе се исполни тоа што се очекува.
Албански: shpresë
Примери:
Надеж за подобро здравје.
Нешто што треба да го исполни очекувањето.
Албански: shpresë
Примери:
Ти си нашата надеж.

очекува повеќе

очекуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
Смета, се надева на нешто.
Албански: konsideron
Примери:
Ние очекуваме од него да стане добар работник.

понадева повеќе

Види и: надева (несв.)
понадеваат
Вид збор: Глагол, свршен
Добие малку надеж; помине во надеж кратко време.
Примери:
За миг се понадева дека ќе се предомисли и ќе се врати.

расчита повеќе

расчитал
Вид збор: Глагол, несвршен
Смета (на некого или на нешто), се надева
Примери:
Прашаше на какви средства расчитале приврзаниците на отпорот.

расчитање повеќе

Вид збор: Именка, среден род
расчита

умут повеќе

мн. умути
Вид збор: Именка, машки род
надеж
Турски: umut
Употреба: Архаизам

чека повеќе

чекаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Сака, се надева нешто да стане.
Албански: shpreson
Примери:
Токму тоа и го чекаше тој, па да ја напушти работата.