invent - онтологија

вади повеќе

вадат
Вид збор: Глагол, несвршен
Измислува: Име, прекар на некого.
Албански: shpik
Употреба: Разговорно
Примери:
Тој голем шегаџија постојано им вадеше нови имиња на своите другари.
Измислува: Вади новини во модата.
Албански: shpik
Примери:
Нашата креаторка секоја година вади некои нови моди.
Измислува: (Си) вади од умот нешто.
Албански: shpik
Примери:
Од каде ги вадиш овие приказни?

издума повеќе

издумаат
Вид збор: Глагол, свршен
Измисли нешто.
Албански: mendoj, shpik
Употреба: Дијалектен збор
Примери:
Кажи што издума сега?

измисли повеќе

измислат
Вид збор: Глагол, свршен
Создаде во свеста, во фантазијата нешто што не постои; смисли лага, невистина.
Албански: shpik, zbuloj
Примери:
Тој измисли дека девојката била сама в кино.

изнајде повеќе

изнајдат
Вид збор: Глагол, свршен
Пронајде, најде, измисли.
Албански: gjej
Примери:
Лекарите изнајдоа лек за таа болест.

пронајде повеќе

пронајдат
Вид збор: Глагол, свршен
Открие, најде нешто што го немало дотогаш.
Албански: gjej, shpik
Примери:
Група научници пронашле нов лек за оваа болест.

скова повеќе

сковат
Вид збор: Глагол, свршен
измисли
Албански: konceptoj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Сковале лаги.