irritate - онтологија

возбуди повеќе

возбудат
Вид збор: Глагол, свршен
(се возбуди) Се вознемири, се обеспокои.
Албански: shqetësoj
Примери:
Децата се возбудија.

возмути повеќе

(се) возмутат
Вид збор: Глагол, свршен
се раздразни, се изнервира
Употреба: Книжевен збор
Примери:
Новодојдениот не се возмути.

долути повеќе

Види и: лути (несв.)
(му) долутат
Вид збор: Глагол, свршен
Почувствува лута надразба, печење во некој дел од телото.
Албански: djeg
Употреба: Безлично
Примери:
Му долути во очите од чадот.

дразни повеќе

дразнат
Вид збор: Глагол, несвршен
Предизвикува поголема активност на сетилата, силни чувства, возбуда, лутина.
Албански: pematoj
Примери:
Лутиот прав му го дразнеше грлото.
(се дразни) Се доведува во состојба на раздразнетост.
Албански: pezmatoj
Примери:
Се дразнеше од најобични работи.

жари повеќе

жарат
Вид збор: Глагол, несвршен
Ја надразнува кожата предизвикувајќи црвенило и јадеж.
Албански: djeg
Употреба: Медицина , Преносно значење
Примери:
Копривата жари.

жури повеќе

журат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се жури) Се надразнува, предизвикувајќи си црвенило на кожата.
Албански: iriton, ndez, skuq
Примери:
Детето се журеше поминувајќи низ копривите.

журне повеќе

Види и: жури (несв.)
журнат
Вид збор: Глагол, свршен
жури

задразни повеќе

Види и: дразни (несв.)
задразнат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да дразни.
Примери:
Правот ме задразни.

иритира повеќе

иритираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Вознемири, вознемирува, растревожи, тревожи, раздразни, раздразнува некого со нешто.
Албански: iriton
Примери:
Таа зборуваше со глас што иритира.
Предизвика, предизвикува дразби на ткиво или на орган со некое средство.
Албански: iriton
Употреба: Медицина

копелка повеќе

копелкаат
Вид збор: Глагол, несвршен
дразни
Албански: ngaxmoj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Нешто го копелкаше по стапалото.

раздразни повеќе

Види и: дразни (несв.)
раздразнат
Вид збор: Глагол, свршен
Воздејствува со нешто да се раздразни организмот или некој негов орган.
Албански: iritoj, ngacmoj
Примери:
Ми ги раздразни нервите.