jump - онтологија

доскака повеќе

Види и: доскока (св.)
доскакаат
Вид збор: Глагол, свршен
доскока
Употреба: Разговорно

доскока повеќе

доскокаат
Вид збор: Глагол, свршен
Дојде, стигне некаде со скокање.
Албански: arrin me kësrcim
Примери:
Исплашено од ударите, кучето се обидуваше да доскока до вратата.

заклинка повеќе

заклинкаат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да клинка, да скока на една нога.
Албански: kërcen
Примери:
Детето заклинка на десната кога.

запотскокне повеќе

Види и: потскокне (св.)
запотскокнат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да потскока.
Примери:
Зовре чајникот, запотскокна капачето.

зарипа повеќе

Види и: рипа (несв.)
зарипаат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да рипа, заскока.
Примери:
Кучето зарипа околу нас.

заскака повеќе

Види и: заскока (св.)
заскакаат
Вид збор: Глагол, свршен
заскока
Употреба: Дијалектен збор

заскока повеќе

Види и: скока (несв.)
заскокаат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да скока.
Примери:
Децата заскокаа во водата.

изнаскока повеќе

Види и: наскока (св.)
изнаскокаат
Вид збор: Глагол, свршен
Наскока во голем број од некое место.
Албански: kërcej, hidhem
Примери:
Децата изнаскокаа во реката да се капат.
Скокне наеднаш во голем број.
Албански: kërcej, hidhem
Примери:
Присутните изнаскокаа од своите места.

искока повеќе

Види и: скока (несв.)
искокаат
Вид збор: Глагол, свршен
Со скокање помине некое растојание.
Албански: kërcej
Со скок излезе надвор.
Албански: kërcej

искокне повеќе

искокнат
Вид збор: Глагол, свршен
искока
Албански: kërcen

испорипа повеќе

испорипаат
Вид збор: Глагол, свршен
(обично во мн.) изнарипа
Примери:
На знакот сите испорипаа во водата.

надрипа повеќе

надрипаат
Вид збор: Глагол, свршен
Рипне повеќе од некого.

нарипа повеќе

Види и: рипа (несв.)
нарипаат
Вид збор: Глагол, свршен
Се нафрли на некого, нагло нападне.
Албански: vërsulem
Примери:
Нарипаа од сите страни да го фатат.
За множество - стане веднаш, за миг се најде на нозе.
Албански: kërcej, hidhem
Примери:
Кога влезе капетанот, сите нарипаа.
(се нарипа) Со рипање се задоволи, помине доволно време во рипање.
Албански: kërcej mjaft

наскока повеќе

Види и: скока (несв.)
наскокаат
Вид збор: Глагол, свршен
За множество - се нафрли во скок врз некого.
Албански: hip, vërsul, kërcej
Примери:
Сите наскокаа на него.
За множество - за миг, во скок стане.
Албански: çohem, ngritem, kërcej
Примери:
Кога влезе војводата, сите наскокаа да го поздрават.
(се наскока) Помине доволно време во игра, во скокање.
Албански: vallzoj, kërcej, luaj

нафрла повеќе

нафрлаат
Вид збор: Глагол, свршен
нафрли
Албански: vërsulem

отфрли повеќе

отфрлат
Вид збор: Глагол, свршен
(се отфрли) отскокне
Албански: hedh, kërcen
Примери:
Тој се отфрли наназад.

подрипне повеќе

подрипнат
Вид збор: Глагол, свршен
Рипне еднаш или малку.
Примери:
Тој подрипна од столчето кога чу што се случило.

понарипа повеќе

Види и: нарипа (св.)
понарипаат
Вид збор: Глагол, свршен
Се нарипа во некоја, до доволна мера.

поскока повеќе

поскокаат
Вид збор: Глагол, свршен
Скока малку, кратко време.
Примери:
Поиграа, поскокаа и се изморија.

потскокне повеќе

потскокнат
Вид збор: Глагол, свршен
Направи мал скок.
Албански: kërcej pak
Примери:
Коњот потскокна.
Подрипне од радост, возбуда, страв и сл.
Албански: kërcej
Примери:
Потскокна од радост.

прескокне повеќе

прескокнат
Вид збор: Глагол, свршен
Со скок премине, скокне преку нешто.
Албански: tejkërcej
Примери:
Тој го прескокна плотот и пресече низ дворот.
Скокне од едно место на друго.
Албански: kërcej
Примери:
Не можеше да скокне подалеку.
(се прескокне) Прескокне еден со друг.
Албански: kërcej, hyp

прискокне повеќе

Види и: скокне (св.)
прискокнат
Вид збор: Глагол, свршен
Одеднаш скокне.
Примери:
Дали тука ќе прискокне на помош централната власт давајќи пари?

разрипа повеќе

Види и: рипа (несв.)
разрипаат
Вид збор: Глагол, свршен
Натера некого да почне многу да скока.
Албански: kërcen
Употреба: Ретко
Примери:
Доведе свирачи, ги разрипа гостите.
(се разрипа) Почне многу да скока.
Албански: kërcen shumë

раскака повеќе

Види и: раскока (св.)
(се) раскакат
Вид збор: Глагол, свршен
(се) раскока

раскакува повеќе

Види и: раскокува (несв.)
(се) раскакуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се) раскака

раскока повеќе

(се) раскокат
Вид збор: Глагол, свршен
Натера некого да почне да скока.
Албански: bëj të kërcej
Употреба: Ретко
Примери:
Дојде тој и ги раскока децата.
(се раскока) Почне многу да скока.
Албански: filloj të kërcej
Примери:
Беа се раскокале, пеплишта се креваа.

раскокува повеќе

Види и: раскока (св.)
(се) раскокуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се) раскока

рипа повеќе

рипаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Прави скок, се движи со скокање.
Примери:
Тој рипаше од скокалницата во водата.
Се зголемува, се изменува нагло, во голема мера.
Примери:
Во текот на овие две недели цените неконтролирано рипаат во сите продавници.

рипка повеќе

рипкаат
Вид збор: Глагол, несвршен
потскокнува
Албански: kërcej
Примери:
Рипкаат како бајчиња.

рипне повеќе

рипнат
Вид збор: Глагол, свршен
Рипа еднаш или неколку пати последователно.
Примери:
Момчето рипна преку прозорецот и влезе во собата.
Стане нагло.
Примери:
Рипнаа на нозе.
Се зголеми, се измени нагло, во голема мера.
Примери:
Одеднаш температурата рипна на 40 степени.
се нафрли
Примери:
Крадците одеднаш рипнаа на жртвата.

рипнува повеќе

Види и: рипне (св.)
рипнуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
рипне

скака повеќе

Види и: скока (несв.)
скакаат
Вид збор: Глагол, несвршен
скока

скакне повеќе

Види и: скокне (св.)
скакнат
Вид збор: Глагол, свршен
скокне

скока повеќе

скокаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Прави скокови.
Албански: kërcej
Примери:
Скока во вода.
Се изменува реско.
Албански: kërcej
Употреба: Преносно значење
Примери:
Скокаат цените.
се нафрлува
Албански: hidhet
Употреба: Преносно значење
Примери:
Сите скокаат на него.

скокарка повеќе

скокаркаат
Вид збор: Глагол, несвршен
потскокнува
Употреба: Дијалектен збор

скокне повеќе

скокнат
Вид збор: Глагол, свршен
Направи движење со скок.
Примери:
Скокна од креветот и почна да се облекува.
Изведе скок во спортска дисциплина, при вежба и сл.
Употреба: Спорт
Примери:
Скокна во далечина.
Се нафрли некому.
Примери:
Скокнаа да ги тепаат.

скокнува повеќе

Види и: скокне (св.)
скокнуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
скокне

скочи повеќе

Види и: скокне (св.)
скочат
Вид збор: Глагол, свршен
скокне
Употреба: Дијалектен збор

срипа повеќе

срипаат
Вид збор: Глагол, свршен
Стане со брзо движење.
Примери:
Срипаа сите и се фатија за оружје.

срипува повеќе

Види и: срипа (св.)
срипуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
срипа
Примери:
Секогаш тој срипува.

фрли повеќе

фрлат
Вид збор: Глагол, свршен
(се фрли) Скокне од високо.
Албански: hidhem, kërcej
Примери:
Се фрли во морето.

џидне повеќе

Види и: џитне (св.)
(се) џиднат
Вид збор: Глагол, свршен
(се) фрли

џитка повеќе

Види и: џитне (св.)
џиткаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Се фрла на (врз) некого; налетува, трча, јури.

џитне повеќе

џитнат
Вид збор: Глагол, свршен
(се џитне) потрча, се пушти по некого, се фрли на некого, се встреми
Албански: hudhet, kërcen
Употреба: Разговорно
Примери:
Кучето се џитна по него.

џитнува повеќе

Види и: џитне (св.)
(се) џитнуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се) џитне