а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

рипне

рипнат; рипни, рипнете; рипнав, рипнаа; рипнал; рипнат; (ќе) рипнев, (ќе) рипнеа; (ќе) рипнел
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 5832
1. Рипа еднаш или неколку пати последователно.
Англиски: jump
Примери:
Момчето рипна преку прозорецот и влезе во собата.
Тој рипна преку подѕидокот и се најде во нечиј двор.
Срната рипна преку потокот и се изгуби меѓу дрвјата.
2. Стане нагло.
Англиски: jump
Употреба: Преносно значење
Примери:
Рипнаа на нозе.
Кога заѕвони ѕвончето, таа рипна од столот и ја отвори вратата.
3. Се зголеми, се измени нагло, во голема мера.
Англиски: jump
Употреба: Преносно значење
Примери:
Одеднаш температурата рипна на 40 степени.
4. се нафрли
Англиски: jump
Употреба: Преносно значење
Примери:
Крадците одеднаш рипнаа на жртвата.