leader - онтологија

башбакан повеќе

мн. башбакани
Вид збор: Именка, машки род
главен водач, шеф, бос, големец
Турски: başbakan
Употреба: Архаизам
Примери:
светски новинарски башбакан

водач повеќе

мн. водачи
Вид збор: Именка, машки род
Лице што е на чело на нешто, предводник, раководител, командант.
Албански: prijës, lider
Примери:
Водач на делегација.

водител повеќе

мн. водители
Вид збор: Именка, машки род
водач
Албански: udhëheqës

вожд повеќе

мн. вождови
Вид збор: Именка, машки род
водач, лидер
Српски: вожд
Употреба: Дијалектен збор
Примери:
Со нив изгореа и многу недолжни луѓе кои им веруваа слепо на вождовите.

војвода повеќе

мн. војводи
Вид збор: Именка, машки род
Водач, предводник на бунтовничка дружина или востаничка чета во времето на Турското Царство.
Албански: duk, vojvodë
Употреба: Историја
Примери:
Се пронесе глас дека ќе дојде војводата Гоце Делчев.

глава повеќе

мн. глави
Вид збор: Именка, женски род
раководител, водач
Албански: udhëzues
Примери:
Ние бевме разбиена војска, а нејзе ѝ е допуштено да нема глава.

главатар повеќе

мн. главатари
Вид збор: Именка, машки род
Човек што е главен во некоја заедница, општество и сл.
Примери:
Јас сум зачетник на буната и главатар на војската.

главешина повеќе

мн. главешини
Вид збор: Именка, женски род
поглавар, главар, старешина, водач
Примери:
Главешините на охридската чаршија сакаа да се оградат од настаните.

кормилар повеќе

мн. кормилари
Вид збор: Именка, машки род
управувач, раководител
Албански: timonier, drejtues
Употреба: Преносно значење
Примери:
Кормилар на државата.

лидер повеќе

мн. лидери
Вид збор: Именка, машки род
Водач, предводник на политичка партија, организација, група и слично.
Албански: udhëheqës
Употреба: Политика
Примери:
партиски лидер
Тој што води; водечки тим или спортист.
Употреба: Спорт
Примери:
лидер на табелата

поглавар повеќе

мн. поглавари
Вид збор: Именка, машки род
главатар
Албански: pris

првак повеќе

мн. прваци
Вид збор: Именка, машки род
лидер, предводник, водач
Албански: udhëheqës
Примери:
Насобраната толпа немаше свој првак.

првенец повеќе

мн. првенци
Вид збор: Именка, машки род
предводник, водач
Албански: lider

предводник повеќе

мн. предводници
Вид збор: Именка, машки род
Тој што предводи.
Албански: prijës, udhëheqës
Употреба: Политика
Примери:
племенски предводник
Животно што го предводи стадото.
Албански: prijës
Употреба: Зоологија
Примери:
овен предводник

претседавач повеќе

мн. претседавачи
Вид збор: Именка, машки род
лице што претседава
Примери:
претседавач на самитот

сердар повеќе

мн. сердари
Вид збор: Именка, машки род
главар, војвода
Турски: serdar
Употреба: Архаизам

трибун повеќе

мн. трибуни
Вид збор: Именка, машки род
Водач на народот, општествен деец кој, со говори и статии, ги штити интересите на народот.
Албански: lider, udhëheqës
Употреба: Политика , Преносно значење

учител повеќе

мн. учители
Вид збор: Именка, машки род
Оној што со своето учење им го покажува патот на другите.
Албански: mësues, udhëheqës
Употреба: Преносно значење
Примери:
Гоце Делчев е нашиот водач и учител.

челник повеќе

мн. челници
Вид збор: Именка, машки род
Оној што стои на чело, глава, раководител.
Примери:
Средба на челниците на општините.
Прв човек, водач на некаква група што се занимава со недозволена дејност.
Употреба: Пејоратив