make-up - онтологија

белило повеќе

мн. белила
Вид збор: Именка, среден род
Козметичко средство за белење лице.
Албански: të bardhë
Употреба: Архаизам
Примери:
Таа ставаше многу белило на лицето.

глазура повеќе

мн. глазури
Вид збор: Именка, женски род
Маска на лицето или во однесувањето, извештачен изглед.
Албански: shkëlqim, maskë
Употреба: Преносно значење
Примери:
Глазурата и се изгуби, маската и падна.

грим повеќе

мн. гримови
Вид збор: Именка, машки род
Маска од козметички средства на лицето на актерот со цел да се добие саканиот изглед.
Употреба: Сцена
Примери:
Театарскиот грим и светлоста на сцената лесно ќе ја сокријат грдоста.

маска повеќе

мн. маски
Вид збор: Именка, женски род
Во театар - специјална актерска шминка.
Албански: maskë
Употреба: Сцена

нашминка повеќе

нашминкаат
Вид збор: Глагол, свршен
Стави шминка, го дотера со шминка лицето на некого.
Албански: shminkoj
Примери:
Шминкерот ги нашминка артистите пред претставата.
(се нашминка) Си стави шминка на лицето.
Албански: shminkoj
Примери:
Се нашминка, се дотера за шетање.

сурмосување повеќе

Вид збор: Именка, среден род
враносување
Употреба: Разговорно

шминка повеќе

шминката
Вид збор: Именка, женски род
Бои и козметика за лице.
Германски: Schminke