mourn - онтологија

дотажи повеќе

дотажат
Вид збор: Глагол, свршен
Престане со тажењето за некого или за нешто.
Албански: mbaroj pikëllimin
Примери:
Го дотажија војникот.
(ми, ти, му... се дотажи) Ми стане тажно.
Албански: mërzitem, më vjen keq
Употреба: Безлично
Примери:
Ми се дотажи за либето.

жали повеќе

жалат
Вид збор: Глагол, несвршен
Е во жалост по починат.
Албански: vajtoj, mbaj zi
Примери:
Старата жалеше по загинатиот син.

жалости повеќе

жалостат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се жалости) Се растажува, станува тажен.
Албански: pikëllohem, vajtoj
Примери:
Не жалости се, мила сестро.

затагува повеќе

Види и: тагува (несв.)
затагуваат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да тагува.
Примери:
Тој затагува по родниот дом.

затажи повеќе

затажат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да тажи.
Албански: vajtoj, pikëlloj
Примери:
Таа затажи на глас.
(се затажи) Почувствува тага.
Албански: ndiej pikëllim, vajtoj
Примери:
Тој се затажил за децата.

изжала повеќе

Види и: изжали (св.)
изжалаат
Вид збор: Глагол, свршен
Многу жали за починат.
Албански: vajtoj
Примери:
Ги изжалаа паднатите борци.

исплаче повеќе

Види и: плаче (несв.)
исплачат
Вид збор: Глагол, свршен
Изжали, истажи некого.
Албански: vajtoj
Примери:
Го исплакаа уште пред да дознаат што се случило.

истагува повеќе

Види и: тагува (несв.)
истагуваат
Вид збор: Глагол, свршен
тагува
Примери:
Истагува таа по него.

кука повеќе

кукаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Гласно жали, тагува.
Албански: vajtoj
Примери:
Мајката кукаше за своето изгубено чедо.

натажи повеќе

натажат
Вид збор: Глагол, свршен
(се натажи) Стане тажен, се растажи.
Албански: pikëllohem
Примери:
Кога остана сама, многу се натажи.

ожали повеќе

ожалат
Вид збор: Глагол, свршен
ужали, нажали
Употреба: Дијалектен збор

оплаче повеќе

оплачат
Вид збор: Глагол, свршен
Со плач изрази жал за некого или нешто.
Албански: qaj, vajtoj

пожала повеќе

Види и: пожали (св.)
(се) пожалаат
Вид збор: Глагол, свршен
пожали

пожали повеќе

пожалат
Вид збор: Глагол, свршен
Жали за (по) некого извесно време, обично за покојник.
Албански: keqardhje
Примери:
Таа го пожали мажот една година.

реди повеќе

редат
Вид збор: Глагол, несвршен
Плаче над умрен.
Албански: mbaj zi
Примери:
Кога ќе почне таа да го реди, не можеш да не заплачеш.

скорби повеќе

Вид збор: Глагол, несвршен
тагува
Употреба: Архаизам

скрби повеќе

скрбат
Вид збор: Глагол, несвршен
Испитува скрб, тагува.
Употреба: Книжевен збор
Примери:
Скрби по него.

тагува повеќе

тагуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
жали
Примери:
Цел ден плаче и тагува.

тажи повеќе

тажат
Вид збор: Глагол, несвршен
тагува
Албански: vajtoj, pikëlloj
Примери:
Мајка ти тажи по тебе.
Оплакува некого.
Албански: vajtoj, pikëlloj
Примери:
Плакала и го тажела.

уфили повеќе

(се) уфилат
Вид збор: Глагол, свршен
(се) увили