need - онтологија

глад повеќе

(едн.) гладот
Вид збор: Именка, машки род
Голема потреба од нешто.
Албански: uri, nevojë
Употреба: Преносно значење
Примери:
глад за љубов

дотреба повеќе

Вид збор: Глагол, свршен
(ми, ти, му.., само во 3 л.) Стане потребно, неопходно во определен момент.
Примери:
Умирачката уште не му дотребала.

затреба повеќе

затребаат
Вид збор: Глагол, свршен
Почувствува потреба од нешто.
Примери:
Ако ти затреба помош, побарај ме.

иктиза повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
потреба, нужда
Турски: iktiza
Употреба: Разговорно
Примери:
Сега ми дојде голема иктиза да ти кажам сѐ, затоа ти пишувам.

ихтиза повеќе

Види и: иктиза (ж.)
мн. ихтизи
Вид збор: Именка, женски род
потреба, нужда
Турски: iktiza
Употреба: Архаизам

најде повеќе

најдат
Вид збор: Глагол, свршен
(се најде) Послужи за нешто, помогне ако притреба.
Албански: duhet
Примери:
Не фрлај го тоа, остави го, ќе се најде.

нужда повеќе

мн. нужди
Вид збор: Именка, женски род
потреба од нешто
Албански: nevojë
Примери:
Имам нужда од кола.

пека повеќе

пекаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Има голема потреба за нешто.
Албански: lus, kërkoj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Земјава пека за вода.

потреба повеќе

мн. потреби
Вид збор: Именка, женски род
Основна, општа нужност.
Албански: nevojë
Примери:
Животни потреби.

треба повеќе

требаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Со кратките форми за индиректен објект од личните заменки.
Примери:
Ако не ти требам, тогаш што ме викаш.