nibble - онтологија

брсти повеќе

брстат
Вид збор: Глагол, несвршен
За животно - јаде лисја и млади гранчиња откинувајќи ги од стеблото.
Употреба: Зоологија
Примери:
Козата брстеше врзана за стеблото со долго јаже.

грицка повеќе

Види и: гризе (несв.)
грицкаат
Вид збор: Глагол, несвршен
гризе
Употреба: Деминутив
Примери:
Гостите додека разговараа грицкаа кикиритки и лешници.

зарупа повеќе

зарупаат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да рупа.
Примери:
Магарето ги зарупа корите од лубеница.

зоба повеќе

зобаат
Вид збор: Глагол, несвршен
За човек - јаде (обично зрнеста храна: грозје, лешници, кикирики).
Албански: nduk
Употреба: Преносно значење
Примери:
Седеше под сенката и го зобаше грозјето.

зобне повеќе

зобнат
Вид збор: Глагол, свршен
За човек - касне малку, најчесто од зрнеста храна (грозје, лешници, кикиритки).
Албански: ushqehet
Употреба: Преносно значење
Примери:
Зобна малку од грозјето и не беше повеќе гладен.

изназоба повеќе

Види и: назоба (св.)
(се) изназобаат
Вид збор: Глагол, свршен
Се назоба многу, во голема количина.
Примери:
Се изназобаа грозје.

крцкоти повеќе

Види и: крцка (несв.)
крцкотат
Вид збор: Глагол, несвршен
крцка

најаде повеќе

Види и: јаде (несв.)
најадат
Вид збор: Глагол, свршен
Нагризе малку.
Албански: brej, nduk
Примери:
Само го најаде јаболкото и го фрли.

погризе повеќе

погризат
Вид збор: Глагол, свршен
Со гризење оддели, изеде малку.
Примери:
Го погриза јаболкото и го фрли недојадено.

погрицка повеќе

Види и: погризе (св.)
погрицкаат
Вид збор: Глагол, свршен
погризе
Употреба: Деминутив

презоба повеќе

презобаат
Вид збор: Глагол, свршен
За човек - прејаде зрнест плод.
Албански: ngop me fruta kokrrash
Употреба: Разговорно
Примери:
Ги презобав старците грозје.
(се презоба) Се прејаде зрнест плод.
Албански: ngopet me fruta kokrash
Примери:
Се презобав црници.