operation - онтологија

делување повеќе

Види и: делува (несв.)
(едн.)
Вид збор: Именка, среден род
дејствување, активност
Примери:
секој од својот домен на делување

зафат повеќе

мн. зафати
Вид збор: Именка, машки род
Интервенција врз телото.
Албански: operacion, ndërhyrje
Употреба: Медицина
Примери:
Хируршки зафат.

операција повеќе

мн. операции
Вид збор: Именка, женски род
Вид лекување, при кое со хируршка интервенција се отстрануваат болни ткива или органи, се поправа некој недостаток и сл.
Албански: operacion kirurgjik
Употреба: Медицина
Примери:
Операција на бубрегот.
Целокупност од определени дејствија на големи воени формации заради постигнување определени стратегиски цели.
Албански: operacion
Употреба: Воен термин
Примери:
Воена операција.
Финансиски дејствија поврзани со трговијата или банкарското работење; извршување некоја задача според определен план, договор, одлука.
Албански: operacion
Употреба: Економија
Примери:
финансиски операции
Севкупност од дејствија, постапки со определена цел, при решавање, извршување задачи.
Албански: operacion
Употреба: Математика
Примери:
математичка операција
Работа, дејствија воопшто.
Албански: operacion

погон повеќе

мн. погони
Вид збор: Именка, машки род
движење, работа, употреба
Албански: lëvizje, punë
Примери:
Стави во погон.