opposite - онтологија

дусјунктивен повеќе

дисјунктивниот
Вид збор: Придавка
Што содржи дисјункција, што врзува противречни поими.
Примери:
Дисјунктивен суд.

карши повеќе

Вид збор: Прилог
Спроти, од спротивната страна.
Турски: karşı
Употреба: Разговорно
Примери:
Седна карши мене.

крајност повеќе

мн. крајности
Вид збор: Именка, женски род
Тоа што е сосема спротивно на нешто.
Албански: skajshmëri, e kundërta
Примери:
Cе наоѓа меѓу двете крајности.

наспротива повеќе

Вид збор: Прилог
На спротивната страна.
Примери:
Се загледа наспротива, преку реката.

обратен повеќе

обратниот
Вид збор: Придавка
Што е различен, противречен, наполно спротивен од друг.
Примери:
Обратен процес.

обратно повеќе

Вид збор: Прилог
Bо спротивен правец од досегашниот.
Употреба: Технологија
Примери:
Го заврти тркалото обратно.
Спротивно, на поинаков начин.
Примери:
Се случи обратно од предвиденото.

опаку повеќе

Вид збор: Прилог
На обратната страна, наназад.
Примери:
Колцето наместо напред, се вртеше опаку.

опозиција повеќе

мн. опозиции
Вид збор: Именка, женски род
Тоа штое спротивно по дадено својство, вредност, функција, значење итн.
Албански: opozitë

откаршија повеќе

Вид збор: Прилог
Од спротивната страна.
Употреба: Разговорно
Примери:
Откаршија имаше една убава голема куќа.

отспротива повеќе

Вид збор: Прилог
На спротивната страна.
Примери:
Отспротива стоеше една жена.

поларен повеќе

поларни
Вид збор: Придавка
сосема спротивставен
Албански: polare, e kundërt
Примери:
поларни мислења

против повеќе

Вид збор: Прилог
спротива

противен повеќе

противниот
Вид збор: Придавка
спротивен

противположен повеќе

противположниот
Вид збор: Придавка
Што е отспротива, во спротивна положба.
Примери:
дијаметрално противположни резултати

спротива повеќе

Вид збор: Прилог
отспротива
Примери:
Eне го спротива!

спротивен повеќе

спротивна
Вид збор: Придавка
Расположен на обратната страна, кој оди во обратен правец.
Примери:
Дувна спротивен ветер.
Кој е сосем поинаков, кој се разликува наполно.
Примери:
Спротивни мислења.

спротивно повеќе

Вид збор: Прилог
спротивен
Албански: kundërt
Примери:
Постапи сосем спротивно од договореното.

терсене повеќе

Вид збор: Прилог
незгодно, наопаку, настрано, необично
Турски: ters
Примери:
Сум седнал некако терсене, та ми се здрвија нозете.