origin - онтологија

бабалак повеќе

мн. бабалаци
Вид збор: Именка, машки род
потекло
Албански: origjinë
Употреба: Архаизам
Примери:
Бабалакот ѝ бил од долен слој.

извориште повеќе

мн. изворишта
Вид збор: Именка, среден род
Тоа од кое потекнува нешто, што е причина за нешто.
Албански: burim, origjinë
Примери:
На извориштето на цивилизацијата.

корен повеќе

мн. корени
Вид збор: Именка, машки род
Почеток на нешто.
Албански: origjin, burim
Употреба: Преносно значење
Примери:
Коренот на проблемот е во минатото.

потекло повеќе

(едн.) потеклото
Вид збор: Именка, среден род
Тоа од што нешто потекнува, произлегува, е добиено.
Албански: origjinë
Примери:
Зборот е од турско потекло.

праизвор повеќе

мн. праизвори
Вид збор: Именка, машки род
Првобитен извор, почеток на нешто.
Примери:
Праизворот на неговото однесување е во неговото детство.

првоизвор повеќе

Види и: праизвор (м.)
мн. првоизвори
Вид збор: Именка, машки род
праизвор

провениенција повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Потекло, извор од каде што нешто потекнува.
Германски: Provenienz
Примери:
Двете партии од конзервативна провениенција засега планираат сами да ја водат битката.

происход повеќе

Види и: исход (м.)
мн. происходи
Вид збор: Именка, машки род
потекло
Употреба: Книжевен збор
Примери:
лица од еврејски происход

семселе повеќе

Види и: симсиле (ср.)
(едн.)
Вид збор: Именка, среден род
род, потекло, колено
Турски: silsile
Употреба: Архаизам

симсиле повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, среден род
род, потекло, фамилија
Турски: silsile
Употреба: Архаизам
Примери:
Во моето симсиле сите се јунаци.