а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

корен

мн. корени
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 821
1. Подземниот дел на растението со чија помош стои прицврстено и извлекува хранливи материи и вода, неопходни за него.
Англиски: root Српски: корен Албански: rrënjë Бугарски: корен
Употреба: Ботаника
Примери:
Дрвото има развиен корен.
Розата пуштила длабоки корења.
2. Дел од влакно, нерв, нокот или заб што е враснат во ткивото на организмот.
Англиски: root Албански: rrënjë
Употреба: Анатомија
Примери:
Се скрши забот, коренот остана.
Ја искорна косата од корен.
3. Долен дел од некои органи од кој како да расте, да никне органот.
Англиски: root Албански: rrënjë
Употреба: Анатомија
Примери:
Во коренот на јазикот.
4. Основата на некои израстоци на телото кај човек или кај животно.
Англиски: root Албански: rrënjë
Примери:
Чирот фати корен.
5. За цвеќе, зеленчук и дрво - именување на целото растение како единица.
Англиски: stem Албански: trung
Употреба: Ботаника , Преносно значење
Примери:
пет корена пипер
три корена кајсии
6. Почеток на нешто.
Англиски: origin Албански: origjin, burim
Употреба: Преносно значење
Примери:
Коренот на проблемот е во минатото.
7. Потекло на нешто, род.
Англиски: descent Албански: origjin, prejardhje
Употреба: Граматика
Примери:
Корените ми се од село.
Има аристократски корени.
8. Непроменлив дел од зборот, без претставки и наставки, што го носи основното значење.
Англиски: root Албански: rrënjë
Употреба: Лингвистика
Примери:
корен на зборот
9. Големина, која подигната на одреден степен, го потенцира веќе дадениот број.
Англиски: root Албански: rrënjë
Употреба: Математика
Примери:
квадратен корен
Изрази
Воздушен корен - корен што е над земјата.
Искорне од корен нешто / Го пресече во коренот - уништи нешто на почетокот не дозволувајќи да се развие.
Од корен промени - целосно промени.
Пушти корени - се зацврсти на нешто, се задржи подолго време на едно место.
Изведенки
1. коренче ср.
мн. коренчиња
дем.
2. корениште ср.
мн. кореништа
аугм.
3. коренски прид.
коренскиот
Што се однесува на корен.