pity - онтологија

дожали повеќе

Види и: жали (несв.)
дожалат
Вид збор: Глагол, свршен
(ми, ти, му... се дожали) чувствува жал
Албански: ndiej pikllim
Употреба: Безлично
Примери:
Му се дожали за сопругата и реши да се смири со неа.

жали повеќе

жалат
Вид збор: Глагол, несвршен
Сожалува некого, сочувствува со некого.
Албански: vajtoj
Примери:
Го жали што останал сам.
(се жали) Се сожалува себеси.
Албански: qajë, vajtoj
Примери:
Тој се жали прво себеси, па после другите.

загреви повеќе

(се) загреват
Вид збор: Глагол, свршен
се сожали
Употреба: Дијалектен збор
Примери:
Се загревија и го прибраа кутрото дете.

зажали повеќе

Види и: жали (несв.)
зажалат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да жали, да сожалува некого.
Албански: brengos
Примери:
Го зажали зашто остана сам.

изнажали повеќе

Види и: нажали (св.)
изнажалат
Вид збор: Глагол, свршен
Изжали многу, во голема мера.
Албански: mëshiroj
Примери:
Го изнажали детето пред комшивките.

плаче повеќе

плачат
Вид збор: Глагол, несвршен
(преод.) Жали, сожалува, си ја плаче судбината.
Албански: keqardhje
Употреба: Разговорно
Примери:
Го плачеше сина си.

пожали повеќе

пожалат
Вид збор: Глагол, свршен
Искаже жал кон некого или кон нешто.
Албански: keqardhje
Примери:
Господ ја пожали старицата и си ја прибра.

смили повеќе

смилат
Вид збор: Глагол, свршен
Направи да стане милостив.
Албански: mëshiroj
Примери:
Да го смили господа.
(се смилува) Стане милостив.
Албански: mëshiroj
Примери:
Се смилиле и го зеле.

смилостиви повеќе

Види и: смилува (св.)
(се) смилостиват
Вид збор: Глагол, свршен
(се) смилува

смилосува повеќе

(се) смилосуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се) смилоса

смилува повеќе

смилуваат
Вид збор: Глагол, свршен
(се смилува) Стане милостив.
Албански: mëshiroj
Примери:
Ќе се смилуваат и ќе попуштат.

сожали повеќе

сожалат
Вид збор: Глагол, свршен
Покаже, изрази жал кон некого.
Албански: ngushlloj, mëshiroj
Примери:
Го сожали и му помогна.
(се сожали) се смилува
Албански: mëshiroj
Примери:
Се сожали мајсторот и го ослободи.

сожалува повеќе

Види и: сожали (св.)
сожалуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
сожали
Албански: ngushlloj
Примери:
Сите го сожалуваа.

ужали повеќе

ужалат
Вид збор: Глагол, свршен
ожали
Албански: mallëngjej
Примери:
Нажална, не ја ужалиш мојата мајка!
(се ужали) се ожали, се нажали
Албански: mallëngjej

ужалува повеќе

Види и: ужали (св.)
ужалуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
нажалува
Албански: mallëngjej
(се ужалува) се нажалува
Албански: mallëngjej