досадат
Вид збор: Глагол, свршен
Заврши со садење.
Примери:
Вчера го досадивме тутунот.
Сади, насади уште, дополнително.
Примери:
Покрај оградата досадил уште неколку овошки.
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да сади.
Примери:
Го засадивме кромидот вчера, до утре ќе бидеме готови.
сади, посади, насади
Примери:
Нивата покрај реката ја засадивме со пченка.
насадат
Вид збор: Глагол, свршен
За растение, дрва - изврши садење.
Примери:
Насади компири.
Сади во поголем број, во поголемо количество.
Примери:
Во дворот насади секакви цвеќиња.
(се насади) Со садење се наработи.
Примери:
Денеска се насадивме од утро до вечер.
(се насади) Седне на непогодно место.
Примери:
Што си се насадил пред врата!
мн. погони
Вид збор: Именка, машки род
Дел од фабрика, од производствено претпријатие што се занимава со некој вид од процесот на производството.
Примери:
Отвориле нов погон во фабриката.
Вид збор: Глагол, свршен
Насади во извесна мера.
Примери:
Оваа година понасади и малку компири.
Насади многу.
Примери:
Нивата ја понасади со разновиден зеленчук.
посадат
Вид збор: Глагол, свршен
Стави, закопа семе, лоза в земја за да израсне растение.
Примери:
Во дворот посади невен, жолто џунџуле и други цвеќиња.
Сади малку или уште малку.
Примери:
Тој остана да посади уште малку кромид.
мн. постројки
Вид збор: Именка, женски род
Во индустријата - систем од поставени или вградени технички средства и апарати со определена намена.
присадат
Вид збор: Глагол, свршен
Насади покрај нешто, насади уште малку.
Вид збор: Глагол, несвршен
мн. растенија
Вид збор: Именка, среден род
Организам што се храни со неоргански материи.
Примери:
едногодишно растение
растителна
Вид збор: Придавка
Кој се однесува на растенијата.
Примери:
Растителен свет.
садат
Вид збор: Глагол, несвршен
Става семе, садница во земја.
Примери:
Садила само цвеќиња.