poison - онтологија

затруе повеќе

Види и: труе (несв.)
затрујат
Вид збор: Глагол, свршен
Направи нешто да биде отровно.
Албански: helmoj
Примери:
Ископувањето во блискиот рудник ја затру водата.
Даде некому нешто (храна, пијалак) отровно.
Албански: helmoj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Ги затруле децата со сладолед.
(се затруе) Земе, прими нешто отровно.
Албански: helmohem
Примери:
Се затру од водата во бунарот.

зеер повеќе

(едн.) зеерот
Вид збор: Именка, машки род
отров
Турски: zehir Албански: helm
Употреба: Архаизам
Примери:
Змиски зеер.

зер повеќе

Види и: зеер (м.)
(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
зеер, зеир
Употреба: Архаизам

испотруе повеќе

испотрујат
Вид збор: Глагол, свршен
Иструе во голема мера.
Примери:
Се испотруле од мангалот.

иструе повеќе

иструјат
Вид збор: Глагол, свршен
Отруе во голем број или сите.
Примери:
Некој ги иструл кученцата.

отров повеќе

мн. отрови
Вид збор: Именка, машки род
Материја штетна и смртоносна за живите организми.
Албански: helm
Употреба: Екологија , Медицина , Хемија
Примери:
Змиски отров.

отрувач повеќе

мн. отрувачи
Вид збор: Именка, машки род
отров
Албански: helm

отрувачка повеќе

мн. отрувачки
Вид збор: Именка, женски род
отрувач
Албански: helmuese
отров
Албански: helm
Употреба: Медицина
труење
Албански: helmim
Употреба: Медицина

отруе повеќе

отрујат
Вид збор: Глагол, свршен
Усмрти со отров.
Албански: helmoj
Примери:
Комшијата ни го отру кучето.
(се отруе) Се усмрти со отров.
Албански: helmoj
Примери:
Ја најдоа во нејзината соба, се отрула.

пелин повеќе

(едн.) пелинот
Вид збор: Именка, машки род
отров
Албански: helm
Употреба: Преносно значење
Примери:
Пелин ми е во душава.

пелиноса повеќе

пелиносат
Вид збор: Глагол, свршен
отрови
Албански: helmoj
Употреба: Преносно значење , Разговорно
Примери:
Остави, не ти се јаде, да ге пелиноса, саде го рокиш лебот.

сулумен повеќе

Вид збор: Именка, машки род
Силен живин отров.
Турски: sülümen
Употреба: Архаизам

труе повеќе

трујат
Вид збор: Глагол, несвршен
Убива со отров.
Албански: helmon
Употреба: Медицина
Примери:
Труе глувци, кучиња и сл.
(се труе) Си штети себеси.
Албански: dëmtoj
Употреба: Медицина
Примери:
Самиот себеси се труе.

фармак повеќе

Вид збор: Именка, машки род
отров
Употреба: Архаизам
Примери:
Му ставиле фармак во јадењето.