pollute - онтологија

бербати повеќе

бербатат
Вид збор: Глагол, несвршен
Прави да биде валкан, нечист.
Употреба: Архаизам
Примери:
Треба да престанеме на сите страни да се бербатиме.

валка повеќе

валкаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Прави нешто да биде нечисто.
Албански: përlyej
Примери:
Ги валка чевлите газејќи во калта.
(се валка) Станува нечист.
Албански: përlyej
Примери:
И ние децата веќе се валкавме по земјата смеејќи се.

гадоса повеќе

(се) гадосаа
Вид збор: Глагол, свршен
се загади
Примери:
Реката се гадоса.

глоти повеќе

глотат
Вид збор: Глагол, несвршен
валка, загадува
Примери:
Не глоти ми ја куќата.

завалка повеќе

завалкаат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да валка.
Албански: ndot
Примери:
Го завалкаа ѕидот со кал.

загади повеќе

загадат
Вид збор: Глагол, свршен
Направи нешто да биде штетно, опасно за употреба.
Албански: ndot
Употреба: Екологија
Примери:
Го загадија бунарот.
Направи нешто да биде нечисто.
Албански: fëlliq
Примери:
Чадот го загади градот.

загнаси повеќе

Види и: гнаси (несв.)
загнасат
Вид збор: Глагол, свршен
загади, извалка
Примери:
Селаните ја загнасија реката.

избаца повеќе

избацаат
Вид збор: Глагол, свршен
Извалка, избербати нешто.
Употреба: Архаизам

избербати повеќе

Види и: бербати (несв.)
избербатат
Вид збор: Глагол, свршен
Направи да биде валкан, нечист.
Турски: berbat Албански: berbat, njollos
Употреба: Разговорно
Примери:
Детето ги избербати алиштата играјќи со кал.
(се избербати) се извалка
Албански: njolloset
Примери:
Детето се избербати со кал.

извалка повеќе

Види и: валка (несв.)
извалкаат
Вид збор: Глагол, свршен
Направи нешто да биде нечисто.
Албански: fëlliq
Примери:
извалкана кошула, извалкани деца
(се извалка)Се направи да биде нечисто.
Албански: fëlliq
Примери:
Децата се извалкаа со кал.

израси повеќе

израсат
Вид збор: Глагол, свршен
Направи нешто да биде со раски, загади некаква течност.
Албански: ndot, ndyj
Примери:
Ја израси матеницата бидејќи ја остави непокриена.

кирјоса повеќе

Види и: кирлиса (св.)
кирјосаат
Вид збор: Глагол, свршен
кирлиса
Турски: kirlenmek

кирлиса повеќе

кирлисаат
Вид збор: Глагол, свршен
извалка, измачка
Турски: kirletmek Албански: njollos, përlyej
Употреба: Разговорно

наглоти повеќе

наглотат
Вид збор: Глагол, свршен
Влезе прав, нечистотија (во очите), нараси.
Албански: pluhëroj
Примери:
Ветриштата ни ги наглотија очите.
Загади храна, просторија со глотки, со глотеж.
Албански: flliq, ndyej
Примери:
Го наглоти млекото.
(се наглоти) Се загади со глотки, со глотеж.
Албански: infektoj
Примери:
Млекото се наглотило, сте го оставиле отворено.

опогани повеќе

опоганат
Вид збор: Глагол, свршен
Направи нешто да стане погано, нечисто; испогани, загади.
Албански: fëlliq, ndyjë
Примери:
Постојано внимаваше да не ја опогани облеката.

погани повеќе

поганат
Вид збор: Глагол, несвршен
Прави нешто да биде нечисто.
Албански: fëlliq, ndyj
Примери:
Ги избрка кучињата да не го поганат дворот.

позагади повеќе

Види и: загади (св.)
позагадат
Вид збор: Глагол, свршен
Загади малку повеќе.

раскалави повеќе

раскалават
Вид збор: Глагол, свршен
Направи да биде нечисто, калливо.
Примери:
Детето си ги раскалави панталоните.
(се раскалави) Стане нечисто, калливо.
Примери:
Таа се раскалавила во чевлите.

труе повеќе

трујат
Вид збор: Глагол, несвршен
Загадува, заразува со отров.
Албански: helmon
Употреба: Преносно значење
Примери:
Труе воздух, атмосфера.