довардат
Вид збор: Глагол, свршен
(се доварди) се дочува, се зачува
Албански:
mbroj deri në fund
завардат
Вид збор: Глагол, свршен
зачува, заштити
Примери:
Тој нѐ заварди од прогонувања.
(се заварди) се зачува, се заштити
Примери:
Заповедал црквата да се заварди.
закрилат
Вид збор: Глагол, свршен
Заштити, згрижи некого.
Примери:
Мајката ги закрили своите деца.
Вид збор: Глагол, свршен
Дочува, сочува нешто од негативно влијание или дејство.
Примери:
Селаните ги зачуваа посевите од мраз.
(се зачува) Остане здрав, се заштити.
Примери:
Јадете многу овошје за да се зачувате од настинки и грипови.
Вид збор: Глагол, свршен
Засолне, спаси од опасност, непријатност.
Примери:
Шалот му го заштити лицето од ветрот.
Некој одбрани, сочува некого од нешто.
Примери:
Десетината го заштити целиот одред.
(се заштити) се засолне, се одбрани, се зачува
Примери:
Се заштити од дождот под еднастреа.
обезбедат
Вид збор: Глагол, свршен
Доведе некого или нешто во нормална и сигурна состојба, заштити од опасност.
Примери:
Тие им обезбедија засолниште на луѓето од воздушните напади.
осигурат
Вид збор: Глагол, свршен
Заштити некого од опасност.
Примери:
Обезбедувањето го осигури поминувањето на претседателот.
пазат
Вид збор: Глагол, несвршен
подзавардат
Вид збор: Глагол, свршен
(се подзаварди) Се заварди некое време, донекаде.
Примери:
Се подзаварди од невремето под стреата на комшиите.
Вид збор: Глагол, свршен
(се позачува) Се зачува, се заштити донекаде.
Примери:
Стариот се позачува од непотребните нервози и седеше дома.
Вид збор: Глагол, свршен
(се поосигури) Се осигури донекаде.
Примери:
По потпишаниот договор тој се поосигури од измама.
претпазат
Вид збор: Глагол, свршен
Заштити, зачува од нешто.
Примери:
Тој сакаше да ја претпази од повторна средба со него.
(се) самозаштитат
Вид збор: Глагол, свршен
Заштити самиот себеси, со сопствени сили.
чуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
Брани, штити - од некого или од нешто.
Примери:
Чувајте го девојчето од лошо друштво.
Варди, внимава на нешто да се одржи во добра состојба, одржува нешто.
Примери:
Тој си го чува здравјето.
штедат
Вид збор: Глагол, несвршен
чува
Примери:
Си го штеди здравјето.
(се штеди) Внимателен е спрема себеси.
Албански:
ruhem, kursehem
Примери:
Ти многу се штедиш.
штитат
Вид збор: Глагол, несвршен
Заштитува од некого или од пешто.
Примери:
Штити од муви, комарци итн.
(се штити) Се заштитува од нешто.