remark - онтологија

забележи повеќе

забележат
Вид збор: Глагол, свршен
Искаже, додаде уште нешто при зборувањето.
Албански: theksoj
Примери:
Ниту го велам тоа, ниту го мислам - забележа тој.

забелешка повеќе

мн. забелешки
Вид збор: Именка, женски род
Дополнување кон нешто што е претходно кажано.
Албански: vërejtje
Примери:
Малкумина ја слушнаа оваа зајадлива забелешка.

замери повеќе

замерат
Вид збор: Глагол, свршен
Направи замерка, приговори, не одобри нечија постапка.
Албански: shënoj
Примери:
Тој ѝ замери за нејзиното однесување.

напомена повеќе

мн. напомени
Вид збор: Именка, женски род
забелешка

опсервација повеќе

мн. опсервации
Вид збор: Именка, женски род
забелешка, напомена
Албански: vërejtje, observim
Примери:
Критички опсервации.

примедба повеќе

мн. примедби
Вид збор: Именка, женски род
забелешка, приговор
Српски: примедба Бугарски: забележка
Употреба: Дијалектен збор
Примери:
Има амандмани, и суштински, несуштински, секакви какви што јас сум ги прифатил, ги нудам и на другите пратенички групи и тие мислам дека немаат примедби.

ремарка повеќе

мн. ремарки
Вид збор: Именка, женски род
Во драмските текстови - белешка, појаснување од авторот наменет за актерите, за сценските толкувачи.
Употреба: Литература
Примери:
Ремарките се пишувани на дијалект.

уфрли повеќе

уфрлат
Вид збор: Глагол, свршен
(се уфрли) Направи примедба.
Албански: ndërhyj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Нема да биде едноставно - се уфрли Трајче.