белешка
мн. белешки
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 3228
1.
црта, линија
Примери:
Стави белешка под прочитаниот текст.
2.
Кратко забележен факт, податок, порака и сл.
Примери:
Ти остави белешка на маса.
Дописот е проследен со белешка од редакцијата.
Го добив текстот со белешки од професорот.
Слично со:
забелешка (ж.)
3.
Краток информативен текст, краток приказ за позначајни појави од различни области.
Примери:
Патеписни белешки.
Белешка за авторот.
Цепенков остави богата збирка од народни умотворби и белешки за различни страни од народниот живот.
Во белешките паѓа в очи пресиленото издигање на писателот.
Изрази
Води (фаќа) белешки - забележува на хартија, во нотес.