ride - онтологија

довјава повеќе

Види и: јава (несв.)
довјаваат
Вид збор: Глагол, свршен
Дојде јавајќи на коњ, магаре.
Албански: vjen duke kalëruar
Примери:
Пред меаната довјава непознат коњаник.
Заврши со јавањето.
Албански: mbaroj me kalërim

дојава повеќе

Види и: јава (несв.)
дојаваат
Вид збор: Глагол, свршен
Пристигне некаде со јавање.
Албански: arrin duke kaliruar
Примери:
Во меаната дојаваа тројца на коњи.
Заврши со јавањето.
Албански: mbaroj me kalërim
Примери:
Ја дојава старата маска.

езди повеќе

Види и: јазди (несв.)
ездат
Вид збор: Глагол, несвршен
јазди
Употреба: Дијалектен збор
Примери:
Го виделе како езди низ полето терајќи го коњот во бесен галоп.

јава повеќе

јаваат
Вид збор: Глагол, несвршен
Се движи качен на животно (коњ, магаре и сл.)
Албански: ngas
Примери:
Продолжија да јаваат понатаму.

јавне повеќе

јавнат
Вид збор: Глагол, свршен
Се качи, седне на грбот на животно.
Албански: i hyp
Примери:
Го јавна магарето.
Се качи, седне, застане на нешто друго.
Албански: hypë
Употреба: Преносно значење
Примери:
Уште не го јавнал тронот.

јазди повеќе

јаздат
Вид збор: Глагол, несвршен
јава
Примери:
Пред една чета тој јаздеше на бел коњ.

качи повеќе

качат
Вид збор: Глагол, свршен
(се качи) јавне
Албански: hip, ngas
Примери:
Се качи на коњот и појде кон полето.

најава повеќе

(се) најаваат
Вид збор: Глагол, свршен
Помине во јавање доволно време, се задоволи со јавање.
Албански: ngas, kalëroj

најавне повеќе

Види и: јавне (св.)
најавнат
Вид збор: Глагол, свршен
Јавне, се качи на нешто.
Албански: hip në kal
Примери:
Ги најавнаа мулињата и трнаа в град, на пазар.

опседне повеќе

опседнат
Вид збор: Глагол, свршен
Опчекори и седне на нешто.
Албански: ulem pushoj
Примери:
Го опседна коњот.

појава повеќе

Види и: јава (несв.)
појаваат
Вид збор: Глагол, свршен
Јава малку или кратко време.
Примери:
Тој го појава кончето колку меракот да му мине.

појазди повеќе

Види и: јазди (несв.)
појаздат
Вид збор: Глагол, свршен
Јазди малку, кратко време.