патува
патуваат; патувам; патував
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 1088
1.
Пеш или со превозно средство.
Примери:
Патува со воз, со автомобил.
Си патувале со гемијата ден-два.
Одејќи по патот, еве ти некој стар кај си патувал.
Патува за Загреб.
2.
За превозно средство - се движи.
Примери:
Бродот патува накај Австралија.
3.
умира
Примери:
Ќе патува веќе накај другиот свет.
4.
(разг) Пат патува.
Примери:
Има долг пат да патува.