а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

качи

качат; качил
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 2144
1. Дигне некого или нешто, доведе, дотера на повисоко место.
Англиски: bring up Албански: hip
Примери:
Старата облека ја качи на таванот.
Го качија на чардакот, само да види до кај е работата.
Времето се затопли, овците треба да ги качиме на планина.
2. Смести некого во превозно средство.
Англиски: climb Албански: hip
Примери:
Одвај го качиле на воз за да го однесат дома.
Ја качи во кајчето и завесла.
3. Повиши температура, зголеми цена, тежина.
Англиски: increase Албански: rrit, hip
Употреба: Преносно значење
Примери:
Производителите ја качија цената на тутунот.
Вечерта качи температура.
За кратко време качив три килограми.
4. (се качи) Стапи, се искачи на повисоко место.
Англиски: climb Албански: hip, ngjitem
Примери:
Момчето се качи на дрвото и набра една торба јаболка.
Утрото се качија на врвот од планината.
5. (се качи) јавне
Англиски: ride Албански: hip, ngas
Примери:
Се качи на коњот и појде кон полето.
Тој се качи на неговиот грб и така ја преминаа реката.
Се качи на велосипедот и веќе не сакаше да разговара.
6. (се качи) Влезе во превозно средство.
Англиски: climb Албански: hip, ngjitem
Примери:
Стигна автобусот и таа се качи во него.
7. (се качи) Се зголеми, скокне температура, цена, вредност.
Англиски: rise Албански: hip, rrit
Примери:
Температурата на воздухот се качи на 30 степени.
Му се качи крвниот притисок.
Цените се качија во однос на минатиот месец.
Изрази
Ми (му, ѝ) cе качи на глава - многу ми здодеа со нешто, со некое барање.