јава
јаваат; јавал, јавале; јаван
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 4325
1.
Се движи качен на животно (коњ, магаре и сл.)
Примери:
Продолжија да јаваат понатаму.
Јаваа на арапски коњи.
Само тој може да го јава овој коњ.
2.
Угнетува, искористува, држи некого во потчинета положба.
Примери:
Не давам да ме јаваат.
Hего сите го јаваат.
Изрази
Магаре јавај - магаре барај - не гледа нешто што е очигледно; бара нешто што е кај него.