ring - онтологија

алче повеќе

Види и: алка (ж.)
мн. алчиња
Вид збор: Именка, среден род
алка
Турски: halka Албански: verigë
Употреба: Деминутив

бие повеќе

бијат
Вид збор: Глагол, несвршен
ѕвони
Албански: tingëllon
Примери:
За кого бијат камбаните?

боралиште повеќе

Види и: борилиште (ср.)
мн. боралишта
Вид збор: Именка, среден род
борилиште

борилиште повеќе

мн. борилишта
Вид збор: Именка, среден род
Место каде што се одвива борба, борење.
Употреба: Спорт
Примери:
Борилшитето беше преполно со луѓе.

бурма повеќе

мн. бурми
Вид збор: Именка, женски род
Вид прстен, вообичаено златен, венчален или свршенички.
Турски: burma Албански: burmë, unazë fejese
Примери:
Младоженците пред кумот и старосватот разменија златни бурми.

бурмалија повеќе

мн. бурмалии
Вид збор: Придавка
(немен. по род) Прстен во форма на бурма.
Употреба: Неменлив збор
Примери:
прстен бурмалија

бучи повеќе

бучат
Вид збор: Глагол, несвршен
(само во 3 л.) Му прави бучава.
Албански: ushton
Примери:
Главата му бучи.

вивка повеќе

мн. вивки
Вид збор: Именка, женски род
Колак што се подметнува на главата за носење товар.
Примери:
Наместете си ги вивките убаво на главите да не ви се нишаат котлињата.

заждринга повеќе

заждрингаат
Вид збор: Глагол, свршен
заѕвечи

заѕвони повеќе

Види и: ѕвони (несв.)
заѕвонат
Вид збор: Глагол, свршен
Ѕвони, доѕвони кратко.
Албански: tingëllon
Примери:
Две деца заѕвонија на вратата.
(само во 3 л.) Се огласи со ѕвонење.
Албански: tingëllon
Примери:
Школскиот ѕвонец заѕвони.

заѕуни повеќе

Види и: ѕуни (несв.)
заѕунат
Вид збор: Глагол, свршен
заѕвони
Албански: tingëllon
Примери:
Од селото заѕуни камбаната на црквата.

ѕвечи повеќе

ѕвечат
Вид збор: Глагол, несвршен
Издава метален звук, звук од стакло и сл.
Примери:
Ѕвечеа жолтиците на момините гради.

ѕвони повеќе

ѕвонат
Вид збор: Глагол, несвршен
Произведува ѕвон.
Албански: tingëllon, cingëron
Примери:
Ѕвони ѕвонецот на овенот предводник.
Прави нешто (ѕвонец, метален предмет) да произведува ѕвон.
Албански: bën zile
Примери:
Дежурниот ѕвонеше со ѕвонецот.
Се јавува некому на телефон, телефонира.
Албански: bën zile
Примери:
Ќе му ѕвонам да го прашам дали ќе дојде.
Се причинува некому дека слуша ѕвонење.
Албански: tingëllon
Употреба: Преносно значење
Примери:
Нешто силно му ѕвонеше во ушите.

ѕврцне повеќе

ѕврцнат
Вид збор: Глагол, свршен
Се јави некому на телефон.
Употреба: Дијалектен збор
Примери:
Ке ти ѕврцнам после пладне.

ѕуни повеќе

ѕунат
Вид збор: Глагол, несвршен
Издава висок продолжен звук на метал или на стакло и сл.; сп. ѕвони.
Албански: tingëllon
Примери:
Ѕунат црковните камбани.

изѕвони повеќе

изѕвонат
Вид збор: Глагол, свршен
Заврши со ѕвонење.
Примери:
Саатот изѕвони ама тој не се разбуди.

колак повеќе

мн. колаци
Вид збор: Именка, машки род
Обрач во облик на ѓеврек, направен од шајак исполнет со парталчиња, што cе става на глава кога се носи нешто.
Албански: hallkë koke

круг повеќе

мн. кругови
Вид збор: Именка, машки род
Bид подвижна гимнастичка справа со два паралелни круга, обрачи што висат на долги ремени.
Албански: rreth
Употреба: Спорт
Примери:
Натпреварот во кругови само што не почнал.

круна повеќе

мн. круни
Вид збор: Именка, женски род
Дел од цветот со одвоени или сраснати цветни ливчиња.
Албански: kurorë lule
Употреба: Ботаника , Зоологија
Примери:
цветна круна

поврзе повеќе

поврзе
Вид збор: Глагол, свршен
(се поврзе) Стапи во врска, оствари контакт еден со друг.
Албански: lidh, fut në rreth
Примери:
Еве, пак ѕвонам по телефон и не можам да се поврзам.

поѕвечи повеќе

Види и: ѕвечи (несв.)
поѕвечат
Вид збор: Глагол, свршен
Ѕвечи краткотрајно.
Примери:
Нешто поѕвечи негде оддалеку.

поѕвечка повеќе

Види и: ѕвечка (несв.)
поѕвечкаат
Вид збор: Глагол, свршен
Ѕвечка краткотрајно.
Примери:
Тој поѕвечка со тропалчето неколку секунди.

поѕвони повеќе

Види и: ѕвони (несв.)
поѕвонат
Вид збор: Глагол, свршен
Ѕвони краткотрајно.
Примери:
Поѕвони само еднаш на вратата.

поѕуни повеќе

Види и: ѕуни (несв.)
поѕунат
Вид збор: Глагол, свршен
Ѕуни, се огласи со ѕунење.
Примери:
Однадвор поѕуни песна.

прстен повеќе

мн. прстени
Вид збор: Именка, машки род
Украс што се носи на прст како накит или знак за брачна состојба.
Албански: unazë
Примери:
Венчален прстен.
Предмет со облик на прстен.
Албански: unazë
Примери:
Челичен прстен.

разѕвони повеќе

Види и: ѕвони (несв.)
(се) разѕвонат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да ѕвони; почне силно, долго да ѕвони.
Примери:
Телефонот се разѕвони уште рано наутро.

ринг повеќе

мн. рингови
Вид збор: Именка, машки род
Ограден простор за натпревари во бокс и борење.
Употреба: Спорт
Примери:
Борбите на рингот беа жестоки.

цвекне повеќе

Види и: цвикне (св.)
цвекнат
Вид збор: Глагол, свршен
(непреод.) Пушти метален звук.
Примери:
(нар. поез.) Чевли тропнале, перја цвекнале.

цвикне повеќе

цвикнат
Вид збор: Глагол, свршен
(непреод.) Се слушне метален звук.
Примери:
Герданот цвикна.