акаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Скита, оди, шета без некаква цел и без потреба.
Примери:
Тој ака по кафулиња.
блудат
Вид збор: Глагол, несвршен
скита, лута
Примери:
Тој блудеше по светот.
вагабондираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Скита, лута како вагабонт; го менува бргу местото на престој.
Примери:
Тој не може да седи на едно место, мора постојано да вагабондира.
(се) војваат
Вид збор: Глагол, несвршен
Се мотка, се вртка, се шетка ваму-таму.
Примери:
Неколку дена се војваше по градот.
(се) врволкаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Се вртка, шета ваму-таму.
Примери:
Се врволкаа луѓе цел ден и цела ноќ.
забродат
Вид збор: Глагол, свршен
Се занесе во нешто.
Примери:
Заброди со поглед по околината.
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да лута, да скита.
Примери:
Тој залута низ улиците на градот.
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да се мавта ваму-таму.
Албански:
endem andej këndej
Примери:
Се заштури по дворот.
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да се штутка.
Примери:
Занесен во мисли се заштутка низ дворот.
изнаакаат
Вид збор: Глагол, свршен
(се изнаака) Лута, се шета многу.
Примери:
Се изнаака по бел свет и на крај се врати дома.
(се) изнашетаат
Вид збор: Глагол, свршен
Се нашета доволно, многу.
Примери:
Се изнашета по светот пред да се ожени.
лунѕаат
Вид збор: Глагол, несвршен
мотаат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се мота) се врти, се вртка, облетува
Примери:
Песот ми се мота околу нозе.
(се) муваат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се мува) Се мотка, прави нешто без ефект, губи време.
Примери:
Се мува цел ден низ градот.
наакаат
Вид збор: Глагол, свршен
(се наака) се наскита
Примери:
Каде се досега, уште ли не се наакаа.
(се) поврволкаат
Вид збор: Глагол, свршен
Помине некое време во врволкање.
талкаат
Вид збор: Глагол, несвршен
скита, лута
Примери:
Јас сум талкал по друмови десет години.
туркаат
Вид збор: Глагол, несвршен
скита
Примери:
Сѐ турка по светов.
(се) штураат
Вид збор: Глагол, несвршен
Се мота, скита, ака, шетајќи зјае.
Примери:
Уште ли се штураат таму?