а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

турка

туркаат; туркај; туркал
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 2245
1. бутка
Англиски: push Албански: shtyj
Примери:
Турка количка.
Туркај ја вратата.
Тој со сета сила ја туркаше вратата, но таа не се отвораше.
2. руши, урива
Англиски: demolish Албански: shemb
Употреба: Пословнично
Примери:
Турка ѕид, куќа и сл.
(посл.) Со глава ѕид не се турка.
3. Бутка, урива некого од положба.
Англиски: depose Албански: shtyj
Употреба: Разговорно
4. Гони, бутка (некој предмет), упорно настојува нешто да се постигне.
Албански: ndjek
Употреба: Разговорно
Примери:
Јас ќе ја туркам оваа работа до крај.
5. (се турка) се бутка
Англиски: hustle Албански: shtyj
Примери:
Немој да се туркаш.
6. скита
Англиски: roam Албански: endem
Употреба: Разговорно
Примери:
Сѐ турка по светов.