shape - онтологија

вообличи повеќе

вообличат
Вид збор: Глагол, свршен
Даде облик на нешто, оформи.
Албански: modeloj, formësoj
Примери:
Овде морето ги вообличило крајбрежните карпи.

линија повеќе

мн. линии
Вид збор: Именка, женски род
Стројност, виткост на телото.
Албански: vijë
Примери:
На диета е, си ја чува линијата.

облече повеќе

облечат
Вид збор: Глагол, свршен
Даде некаква форма, облик на нешто.
Албански: jap formë
Употреба: Преносно значење
Примери:
Инспирацијата доаѓа во одблесоци за да ги облече околностите.

облик повеќе

мн. облици
Вид збор: Именка, машки род
Надворешен изглед, вид, форма на нешто.
Албански: pamje, formë
Примери:
зрнест облик

обликува повеќе

обликуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
Дава облик, форма на нешто.
Примери:
Учениците обликуваа различни фигури од глина.

оформи повеќе

оформат
Вид збор: Глагол, свршен
Обликува, вообличи, даде на нешто готова, конечна форма, формира.
Албански: formoj, krijoj
Примери:
Уметникот го оформи лицето на скулптурата.

сенка повеќе

мн. сенки
Вид збор: Именка, женски род
Нејасно оцртување на фигура во темница или магла, силуета.
Албански: formë
Примери:
Се гледаше како се движат некои сенки во далечината.

силуета повеќе

мн. силуети
Вид збор: Именка, женски род
Матно оцртување на нешто што не се гледа јасно поради мрак, магла, далечина и сл.
Албански: siluetë, hije

фазонира повеќе

фазонираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Даде, дава форма на нешто.
Примери:
Ми ја фазонира шапката.

фигура повеќе

мн. фигури
Вид збор: Именка, женски род
Надворешниот вид, изглед на нешто.
Албански: forma
Примери:
Оддалеку се гледаа нејасно фигурите на куќите.

физиономија повеќе

мн. физиономии
Вид збор: Именка, женски род
Облик на нешто, карактеристичните црти.
Албански: fizionomi, formë
Употреба: Преносно значење
Примери:
Селото денеска ја измени својата физиономија.

форма повеќе

мн. форми
Вид збор: Именка, женски род
Надворешен вид, изглед на предмет; изглед на делови на човечкото тело, става.
Албански: formë
Примери:
Куќата имаше форма на пирамида.

формат повеќе

мн. формати
Вид збор: Именка, машки род
Облик на книга, весник и сл.
Албански: format