shrink - онтологија

закуси повеќе

закусат
Вид збор: Глагол, свршен
(се закуси) Почне да се куси, да станува покус.
Албански: zbraspem
Примери:
Фустанот се закуси од перење.

збере повеќе

зберат
Вид збор: Глагол, свршен
(се збере) се собере
Албански: mblidhem
Примери:
Ова платно ќе се збере во перењето.

калира повеќе

калираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
За стока - изгуби, губи на тежина поради сушење, испарување, транспорт и сл.
Употреба: Економија
Примери:
Со текот на времето стоката губи од својата маса - калира.

растур повеќе

Види и: растури (св.)
(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Загуба во работењето со стоки поради растурање, оштетување при мерење, пакување, пренос и сл.
Употреба: Економија
Примери:
Растурот се продава евтино во фабричката продавница.

собере повеќе

соберат
Вид збор: Глагол, свршен
(се собере) Се намали по размер, обем.
Албански: mbledh, zvogëloj
Примери:
Се собра при перењето.