smear - онтологија

брис повеќе

мн. брисови
Вид збор: Именка, машки род
Земање дел од кожата, плунка или шлајм како мостра за медицинско испитување.
Употреба: Медицина

доизмачка повеќе

Види и: измачка (св.)
доизмачкаат
Вид збор: Глагол, свршен
Измачка до крај, заврши со мачкањето.

домачка повеќе

Види и: мачка (несв.)
домачкаат
Вид збор: Глагол, свршен
Заврши со мачкањето.
Примери:
Го домачка целиот путер на лебот.

замасли повеќе

Види и: замасти (св.)
(се) замаслат
Вид збор: Глагол, свршен
(се) замасти

замасти повеќе

замастат
Вид збор: Глагол, свршен
Извалка со маст, со нешто мрсно.
Албански: njolloj
(се замасти) Се извалка со маст, со нешто мрсно.
Албански: njolloj
Примери:
Од готвењето целата се замасти.

замачка повеќе

замачкаат
Вид збор: Глагол, свршен
Прекрие, покрие со нешто што служи за мачкање.
Албански: fsheh
Примери:
Дупката на ѕидот ја замачка со малтер.
(се замачка) Се прекрие, се покрие со нешто што служи за мачкање.
Албански: mbuloj
Примери:
При варосувањето, тој се замачкал со боја по косата.

измачка повеќе

Види и: мачка (несв.)
измачкаат
Вид збор: Глагол, свршен
Направи нешто да биде намачкано.
Албански: lyej
Примери:
Мајсторот измачка гипс по ѕидовите.
Направи да биде размачкано, извалкано.
Албански: njollos
Примери:
Децата ја измачкале масата со боички и лепило.

мачка повеќе

мачкаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Нанесува нешто на некоја површина.
Албански: ndot
Примери:
Молерите мачкаа по ѕидовите.

намачка повеќе

Види и: мачка (несв.)
намачкаат
Вид збор: Глагол, свршен
(се намачка) Си стави некаква маст, крем и сл.
Албански: lyej

намрси повеќе

намрсат
Вид збор: Глагол, свршен
Извалка со нешто мрсно.
Албански: njollosem me yndyrë
Примери:
Го намрси чаршафот.

натучи повеќе

натучат
Вид збор: Глагол, свршен
Намрси, намачка леб со маст.
Албански: lyej me tëlyen
Употреба: Гастрономија

подзамачка повеќе

Види и: замачка (св.)
подзамачкаат
Вид збор: Глагол, свршен
Замачка малку, донекаде.
Албански: lyej
Примери:
Ја подзамачка малку тортата со шлаг и ја изнесе пред гостите.
(се подзамачка) Се замачка малку, донекаде, некако.
Албански: lyej
Примери:
Се шминкаше, а всушност само се подзамачка.

подизмачка повеќе

Види и: измачка (св.)
подизмачкаат
Вид збор: Глагол, свршен
Измачка малку, донекаде.

размачка повеќе

Види и: мачка (несв.)
размачкаат
Вид збор: Глагол, свршен
Со мачкање извалка.
Примери:
Не ги избриша прозорците, само ги размачка.
(се размачка) Стане измачкано, со мачкање извалкано.
Албански: njollosem, përlyhem
Примери:
Не излезе убаво, гледај како се размачкала бојата.

размачкува повеќе

Види и: размачка (св.)
(се) размачкуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се) размачка