smell - онтологија

душка повеќе

Види и: души (несв.)
душкаат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се душка) Се мирисаат по малку.
Албански: nuhat
Примери:
Свињите буричкаа со муцките во земјата и се душкаа.

замириса повеќе

Види и: мириса (несв.)
замирисаат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да пушта мирис.
Албански: vjen erë
Примери:
Пред нив замирисаа капини.
Почне да мириса, да вдишува мирис.
Албански: nuhas erë
Примери:
Таа го замириса букетот цвеќиња.

миризба повеќе

мн. миризби
Вид збор: Именка, женски род
мирис
Албански: erë, duhmë

мирис повеќе

мн. мириси
Вид збор: Именка, машки род
Еден од петте надворешни осети што се прима преку носот.
Албански: nuhatje
Употреба: Медицина
Примери:
Пријатен мирис.

мириса повеќе

мирисаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Испушта мирис.
Српски: мирисати Албански: nuhas, lëshoj erë Бугарски: мириша
Примери:
Цвеќињата мирисаат.
Вдишува мирис.
Албански: nuhas, marr erë
Примери:
Го мирисаше цвеќето.
Се чувствува мирис на нешто.
Албански: vjen erë
Употреба: Безлично
Примери:
Во собата мирисаше на босилек.

мирисне повеќе

Види и: мириса (несв.)
мириснат
Вид збор: Глагол, свршен
мириcа
Примери:
Го мирисна цвеќето.

намириса повеќе

намирисаат
Вид збор: Глагол, свршен
Осети мирис.
Албански: erë
Примери:
Ја намириса рибата уште од дворот.

омириса повеќе

омирисаат
Вид збор: Глагол, свршен
помириса
Албански: nuhas, marr erë
Примери:
Уште кога ја омириса миризбата, почувствува одвратност.
Прошири мирис, исполни просторија со мирис.
Албански: mbush me erë
Примери:
Целата соба ја омириса со цигарата.

подзамириса повеќе

подзамирисаат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне малку да мириса.

поднамириса повеќе

Види и: намириса (св.)
поднамирисаат
Вид збор: Глагол, свршен
Намириса со мирис малку, донекаде.
Албански: mbaj erë

помириса повеќе

помирисаат
Вид збор: Глагол, свршен
мирисне
Албански: nuhas
Примери:
Внимателно ја крена чашата со вино, ја помириса и отпи малку.

понадуши повеќе

понадушат
Вид збор: Глагол, свршен
Надуши малку, почувствува слаб мирис.

примириса повеќе

примирисаат
Вид збор: Глагол, свршен
(Ми, ти, му...) замириса на нешто.
Албански: vjenë erë
Примери:
Ми примириса на загорено млеко.

промириса повеќе

промирисаат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да мириса.
Албански: fillon ti vije era
Примери:
Промириса на нешто нагорено.
Мириса кратко време.
Албански: shkurt vije era
Примери:
Промириса на некаква запршка однадвор.

размириса повеќе

(се) размирисат
Вид збор: Глагол, свршен
Исполни со миризба, фати силно да мириса.
Примери:
Размириса свекрови дворови.

размирисува повеќе

Види и: размириса (св.)
(се) размирисуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се) размириса

реа повеќе

(едн.) реата
Вид збор: Именка, женски род
мирис
Албански: erë e keqe
Примери:
Се почувствува реа на јадење.

смириса повеќе

смирисаат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне наеднаш да пушта мирис.
Албански: erë
Примери:
Смириса на темјан.
Почне да мириса, да вдишува мирис.
Албански: erë
Употреба: Преносно значење
Примери:
Едно го смирисала влакното.