еден
Види и:
еден (бр.)
Вид збор: Заменка
Ранг: 294
1.
Неопределно кој, некој, неопределено кога, некогаш во минатото или во иднината.
Англиски:
once
Едно утро, некој селанец пошол да бара секлива трева.
Ако дојде една жена, ќе ја примиш ли?
Еден ден сѐ ќе разбереш.
2.
За потцртување, за истакнување на именката.
Примери:
Имаше едни мустаќи до уши.
Пуштил една брада како поп.
Зинал една уста, само кажува нешто.