stomach - онтологија

желуд повеќе

мн. желуди
Вид збор: Именка, машки род
желудник
Употреба: Медицина

желудник повеќе

мн. желудници
Вид збор: Именка, машки род
Орган за варење на храната, сместен во горниот дел на стомачната празнина кај човекот и кај животните цицачи.
Српски: желудац Албански: lukth
Употреба: Анатомија
Примери:
Се разбудив со болки во желудникот.

пупе повеќе

мн. пупиња
Вид збор: Именка, среден род
Во детскиот говор - меше, стомаче.
Примери:
Види му го пупето, колку му е мало.

срце повеќе

мн. срца
Вид збор: Именка, среден род
стомак
Албански: me bark të zbrazur
Употреба: Разговорно
Примери:
На (гладно) срце.

стомак повеќе

мн. стомаци
Вид збор: Именка, машки род
желудник
Латински: ventriculus Српски: стомак Албански: stomak Бугарски: стомах Грчки: στόμαχος
Употреба: Анатомија
Примери:
Го боли стомак.

трбушка повеќе

трбушката
Вид збор: Именка, женски род
шкембе
Албански: kukurec
Употреба: Анатомија
Примери:
Кучињата влечкаа трбушки и црева по сокаците и бавчите.

чкембе повеќе

Види и: шкембе (ср.)
мн. чкембиња
Вид збор: Именка, среден род
шкембе
Турски: işkembe

шкембе повеќе

мн. шкембиња
Вид збор: Именка, среден род
мев, желудник
Турски: işkembe Албански: plënc, kukurec
Употреба: Анатомија , Разговорно
Примери:
Ние ги наполнивме шкембињава и за нив не ни текнува!