Анатомија - категорија

шака повеќе

мн. шаки
Вид збор: Именка, женски род
дланка, дел од рака
Англиски: palm Српски: шака
Примери:
шака сол

шареница повеќе

(едн.) шареницата
Вид збор: Именка, женски род
Предниот обоен дел на окото околу зеницата.
Англиски: iris

шепа повеќе

мн. шепи
Вид збор: Именка, женски род
Дланка и прсти на рака
Англиски: palm
Примери:
Студена пот го облеваше Арсо и дланката му се лизгаше во шепата на Глигор.

шија повеќе

мн. шии
Вид збор: Именка, женски род
Дел од телото на човек или на животно што ја спојува главата со трупот.
Англиски: neck Албански: qafë Бугарски: шия
Примери:
Тој имаше црвен шал околу шијата.
Задниот дел од вратот.
Англиски: neck

ширден повеќе

мн. ширдени
Вид збор: Именка, машки род
Четвртиот дел од желудникот на преживар.
Англиски: tripe Турски: şirden Албански: plënc, kukurec

шкембе повеќе

мн. шкембиња
Вид збор: Именка, среден род
мев, желудник
Англиски: stomach Турски: işkembe Албански: plënc, kukurec
Примери:
Ние ги наполнивме шкембињава и за нив не ни текнува!

школка повеќе

мн. школки
Вид збор: Именка, женски род
Во анатомијата: ушна школка - надворешниот дел на увото.
Англиски: earpiece Албански: kufje, bulë e veshit

шупак повеќе

мн. шупаци
Вид збор: Именка, машки род
Заден отвор на дебелото црево.
Англиски: asshole Српски: шупак
а - б - в - г - д - е - ж - з - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч - џ - ш